Владо Поповски
Владо Поповски (роден на 21 септември 1941 во Долно Дупени, Ресенско) — македонски професор на Правниот факултет во Скопје и политичар. Поповски бил министер за одбрана, министер за правда, и директор (основач) на Агенција за разузнавање на Република Македонија[1], како и член на Советот за безбедност на Република Македонија. Во 1991 година бил член на Стручната група која го подготвила текстот на Уставот на Република Македонија. Професорска кариераПоповски основното образование го завршил во Штип, како и два класа гимназија, а последните ва класа гимназија во Скопје со одличен успех. Правен факултет завршил во Скопје. Магистарски студии завршил во Скопје со просечна оценка 10 (десет). Магистрирал на тема: „Политичките институциии и општествено-политичките системи на Стара Грција“. Докторирал на тема: „Национално-политичкиот профил на македонското-ослободително движење до ТМОРО“ со што се стекнал со докторат по историски науки. Бил избиран како: асистент и научен соработник на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје; за вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје; и за вонреден и редовен професор на Правниот факултет во Скопје. Држел настава по предметите: Основи на марксизмот, Политички систем на Југославија и на политичка социологија – на филозофскиот факултет; Историја на правото, Современа европска и македонска историја и Историја на дипломатијата – на Правниот факултет во Скопје – на правните студии, на политичките студии и на студиите по новинарство. Бил шеф на Катедрата по Историја на правото и римско право; раководител на политичките студии при Правниот факултет; и декан на Интерфакултетските студии по новинарство. Бил член на Сенатот на „УКИМ“ Скопје; член на Матичните комисии за формирање на воената академија „Михајло Апостолски“ и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Политички ангажманПрофесор д-р Владо Поповски бил еден од тројцата автори на работниот текст на Уставот на Р Македонија донесен на 17 ноември 1991 година, како и еден од тројцата овластени застапници на претседателот на Р Македонија, Киро Глигоров, како предлагач за донесување на нов Устав на Р Македонија, во постапката за негово донесување пред уставната комисија на Собранието на Р Македонија и во постапката на самото тоа Собрание. Исто така, Поповски бил еден од двајцата советници на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски при донесувањето на Охридскиот рамковен договор и еден од двајцата негови застапници во постапката пред уставната комисија на Собранието и пред самото Собрание при донесувањето на амандманите на Уставот на Р Македонија предложени од претседателот Трајковски врз основа на Охридскиот рамковен договор. На двајцата споменати претедатели на Репбулика Македонија, како и на премиерот Никола Груевски, извесно време, им бил советник за правни и политички прашања. Во два мандати бил член на Советот за безбедност на Р Македонија од редот на членовите што ги именува претседателот на Републиката. Во Владата на Република Македонија двапати бил министер за одбрана (септември 1992 - декември 1994 година и ноември 2001 – ноември 2002 година), и министер за правда (декември 1994 - април 1997). Професор д-р Владо Поповски бил прв директор на Агенцијата за разузнавање на Р Македонија (од април 1997 до март 1999 година) во кој период таа била основана и формирана како посебна установа во правниот и институционалниот систем на Република Македонија. ДелаПрофесор д-р Владо Поповски досега има објавено научни трудови: монографии, студии и статии, меѓу кои десет самостојни и дванаесет соавторски монографии; повеќе од четириесет прилози во зборници на научни трудови, од кои повеќето меѓународни; повеќе од 150 статии во домашни и странски списанија, како и во годишници на повеќе научни установи. Покрај на македонски јазик, научните трудови се објавувани и на албански, бугарски, српски, руски, турски, украински и англиски јазик. Нагови научни трудови се препорачани како литература на три странски државни универзитети.[2] Добитник е на Републичката награда за наука од областа на историските науки "Гоце Делчев".
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia