Претседател на Македонија
Претседателот на Македонија (службено: претседател на Република Северна Македонија, уште и претседател на Републиката) — шеф на државата, како и врховен командант на вооружените сили и главен претставник на Републиката во земјата и во странство. Обврски и надлежностиВнатрешна политикаВо однос на внатрешната политика, во согласност со уставните надлежности, претседателот на Републиката:
Голем дел од активностите на претседателот на државата на внатрешен план не се дефинирани со Уставот и законите и произлегуваат од приоритетите на претседателот посветени на поддршка на политичкиот дијалог, промоција и поддршка на активности на младите, како и проекти и активности во областа на образованието, науката, заштитата на животната средина, граѓанскиот сектор, економската соработка, унапредувањето на правата на ранливите групи во општеството и подобрувањето на инклузијата. Некои од таквите активности се: посети на локално ниво; средби со граѓани; учество на конференции и на други манифестации; покровителства на настани од национален и поширок интерес за државата; одржување предавања на настани; доделување стипендии во соработка со Министерството за образование и наука; активности поврзани со промоција на македонската наука и иноваторство; иницирање и реализирање проекти во соработка со научно-образовни институции и граѓански организации во државата; поддршка на спортски и на културни настани, како и поттикнување и поддршка на политичкиот дијалог.[2] Надворешна политикаВо надворешната политика претседателот на државата има надлежности во однос на стратегиските правци на државата, нејзиното претставување надвор, начинот на кој се води надворешната политика, можностите за нова соработка, како и кадровската поставеност на дипломатијата. Во согласност со меѓународното право и обичаи, како највисок претставник на Републиката, претседателот ја претставува државата во меѓународни рамки, особено во контактот и во комуникацијата со другите држави и меѓународни организации. Секогаш кога претседателот престојува во официјална или работна посета на странска држава, ја претставува Републиката, а официјалните изјави на претседателот се и официјален став на државата. Имајќи предвид дека претседателот се избира на општи и непосредни избори и дека својот мандат го црпи директно од граѓаните, претседателот има дополнителна одговорност во претставувањето на државата во странство. Улогата на претседателот во претставувањето на Републиката е дефинирана со Уставот и Законот за надворешни работи. Според Законот за надворешни работи, претседателот на Републиката е прв меѓу четирите „органи за вршење на надворешни работи“, заедно со Собранието, Владата и Министерството за надворешни работи. Органите за вршење на надворешните работи ја создаваат, утврдуваат и спроведуваат надворешната политика на Републиката, согласно со Уставот и законите, и имено ги определуваат општите насоки, донесуваат и усвојуваат одлуки за активностите и ставовите и ги остваруваат со меѓусебна усогласена соработка сите државни активности поврзани со надворешните работи. Според Законот за надворешни работи, во вршењето на надворешните работи претседателот на Републиката:
Одбрана и безбедностВо областа на одбраната и безбедноста, а во согласност со неговите уставни и законски надлежности, претседателот на Републиката како врховен командант на вооружените сили го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на Армијата и поставува и разрешува генерали. Тој е и претседател на Советот за безбедност и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање. Според Законот за одбрана, претседателот на Републиката и врховен командант на Армијата:
Изборна постапка![]() Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за мандат од пет години, со можност за најмногу два мандата. Изборот на претседател на Републиката го распишува претседателот на Собранието. Изборот на претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од која било причина, изборот на нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Изборот се врши со модифициран систем од два круга. Кандидат може да биде избран во првиот круг само ако добие половина од гласовите од вкупниот број избирачи. Доколку во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добие потребното мнозинство гласови, во вториот круг можат да учествуваат само двајца кандидати кои добиле најмногу гласови во првиот круг. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40% од вкупниот број избирачи. Доколку и во вториот круг не се исполнат условите, целата изборна постапка се повторува. КвалификацииПретседателот на Републиката мора:
Кандидат за претседател на Републиката може да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. Пензија и бенефицииСпоред закон, поранешните претседатели имаат право на пензија, чиј износ е еднаков на платата што ја прима актуелниот Претседател. Тие исто така имаат право на канцелариски простор и најмногу до три стручни лица, лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.[5] Водачи на Македонија (1943 - 1991)[6]
Вршител на должност
Претседатели на независна МакедонијаКиро Глигоров Прв претседател на независна Република Македонија. Тој е роден на 3 мај 1917 година, а почина на 1 јануари 2012 година. Тој ја водеше земјата во периодот на нејзината независност и транзиција. По дипломирањето на Правниот факултет во Белград, тој активно учествуваше во создавањето на првата македонска влада. Во 1991 година, Глигоров беше избран за прв претседател на независна Република Македонија, а неговиот мандат е обележан со тежок период на меѓународно признавање на земјата. Во 1995 година, преживеа обид за атентат, но продолжи да ја води државата до 1999 година. Борис Трајковски Тој е на 25 јуни 1956 и трагично загина на 26 февруари 2004 година. За време на мандатот на Претседателот Борис Трајковски во Република Македонија се случуваа борбени дејствија, во кои безбедносните сили на републиката се бореа против недефинирана воена сила (ОНА). После борбените дејствија дојде до промена на уставното уредување на Република Македонија со што Македонија од граѓанска држава на Македонскиот народ и останатите народи стана држава на етничките заедници на Македонците, Албанците и останатите. Претседателот Борис Трајковски го заврши својот мандат после неговата трагична смрт во авионска несреќа под неразјаснети околности, со владиниот авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина. Бранко Црвенковски Тој е роден на 12 октомври 1962. Бранко е македонски политичар и поранешен претседател на Република Македонија (2004–2009). Претходно, Црвенковски беше премиер на земјата од 2002 до 2004 година, како и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Неговото политичко влијание започна во 1990-тите години, кога активно учествуваше во политичкиот живот на новоформираната независна држава. Во неговиот мандат како претседател, Црвенковски се фокусираше на европските интеграции на Македонија, стабилизација на политичката ситуација и развој на економијата. Ѓорге Иванов Тој е роден на 2 мај 1960. Ѓорге е македонски политичар и поранешен претседател на Република Македонија (2009–2019). Тој е член на ВМРО-ДПМНЕ и беше избран за претседател во 2009 година, кога победи на изборите како кандидат на оваа политичка партија. Во текот на неговиот мандат, Иванов работеше на промоција на македонската национална идентитет и беше поддржувач на политиката на евроатлантски интеграции на Македонија, како и на унапредување на економијата и развој на државата. По неговото завршување на функцијата претседател во 2019 година, Иванов остана активен во политичкиот живот на земјата. Стево Пендаровски Тој е роден на 3 април 1963 година. Стево беше петтиот претседател на Република Северна Македонија, избран во 2019 година. Претходно, Пендаровски беше советник за безбедност и надворешна политика во различни влади, а исто така беше и кандидат за претседател во 2014 година. Како претседател, неговиот фокус беше на евроатлантските интеграции на земјата, стабилноста на регионот и унапредувањето на демократијата и правата на човекот. Пендаровски е познат по својата професионална кариера во областите на дипломатијата и безбедносната политика. Гордана Силјановска Дафкова Таа е родена на 11 мај 1953 година. Гордана е актуелна и првата жена претседател на Република Северна Македонија, избрана во 2024 година. Таа е универзитетски професор по право и поранешен кандидат на десничарските политички сили. Во 2019 година беше кандидат за претседател, но загуби од Стево Пендаровски. Во својата кариера се фокусираше на правото, политичкиот систем и локалното самоуправување. Следува табеларен приказ на македонските претседатели:
ЛПМ ДА ВМРО-ДПМНЕ СДСМ Независен Вршител на должност
Временска линија![]()
Живи поранешни претседателиПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia