Албанско-грчка границаАлбанско-грчка граница (грчки: Σύνορα Αλβανίας-Ελλάδας; албански: Kufiri Greko-Shqiptar) — државна граница помеѓу Албанија и Грција. Нејзината должина изнесува 282 километри, од кои 254 км на копно и 27 км по вода. Географски особеностиГраницата почнува од тромеѓата во средината на Преспанското Езеро, каде се среќаваат Македонија, Грција и Албанија. Потоа оди во начелно југозападен правец до Неправиште, каде потоа свртува на југоисток до Косовица и повторно продоложува во на југозападен правец и завршува во Крфскиот Теснец, крај истоимениот остров во Грција.[1]
Гранични премини![]() Патни премини
Населени местаСледува список на пограничните места од југ кон север.
Историја![]() Прва балканска војнаСогласно Лондонскиот договор од 1913 година, со кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913), решавањето на статусот на новата држава Албанија и определувањето на нејзините граници биле одложени за подоцнежна одлука на Големите сили соочени со притисок од победниците во војната, Грција, Србија и Црна Гора.[2] Во декември 1913 година, завршила работата на Комисијата за јужноалбанската граница, но конечното определување и поставување на границата било одложено со започнувањето на Првата светска војна во 1914 г.[3] Конференцијата на амбасадорите на 9 ноември 1921 година, под јурисдикција на Париската мировна конференција, ја потврдила, со одредени измени, границата предложена со Лондонската амбасадорска конференција (1912 - 1913). Меѓународната гранична комисија составена од Франција, Обединетото Кралство и Италија ја започнала демаркацијата во 1922 година, а ја завршила 3 години подоцна во 1925 г. Конечниот чин на разграничување го потпишале Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Југославија во Париз на 30 јули 1926 г. Следниот опис-предлог за границата бил претставен од страна на Меѓународната гранична комисија во 1925 година, признаен од Грција и Албанија. Нејзини потпишувачи биле Митхад Фрашери од албанска и Христос Аврамидис од грчка страна.[3] Втора светска војна и Грчка граѓанска војнаСо италијанската окупација на Албанија, на 28 октомври 1940 г. започнала Грчко-италијанската војна со обид на целосна окупација на сојузничка Грција од страна на италијанските фашистички сили, почнувајќи од албанско-грчката граница. Меѓутоа, со вмешаноста на нацистичка Германија и операцијата Марита, земјата целосно била окупирана од Силите на Оската.[4] За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), на 24-29 август 1949 г. на пограничната планина Грамошта се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ).[5] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia