Александар Белов (пејач)
Александар Белов (роден на 7 февруари 1987 година во Неготино[1][2]) - македонски пејач[3], познат по учеството во академијата на Операција Триумф. Тој бил главен фаворит во академијата и тоа од 13 гала вечери, тој 13 пати бил изгласан за фаворит на публиката, меѓутоа на крајот завршил на третото место. Александар Белов во февруари учествувал на македонскиот избор за песна на Евровизија. ЖивотописЗавршил основно музичко училиште, отсек виолина. Неговото образование го продолжува и во средното музичко училиште[3]. Белов свири на виолина и флејта[1]. Во 2003 година на 16 годишна возраст учествува на тинејџерскиот фестивал „Мегабит“ во Битола со песната „Солзи и Тага“. Во својата тинејџерска кариера тој има повеќе песни како што се: „Рана“, „Седумнаесет“ и др. Иако доста талентиран и музикален, Александар не успевал баш најдобро во музиката па се посветува и на други работи. Во 2008 година решава да го промени сето тоа и се пријавува во Балканскиот Стар Академи или Академија на ѕвезди Операција Триумф. Во шоуто учествуваат претставници од 5 бивши Југословенски земји (сите освен Словенија) и еден од нив е Александар. Операција ТриумфАлександар се пријавува во Операција Триумф и на негова среќа тој е еден од избраните кандидати. Тој успева да влезе во потесниот круг од 16 кандидати на нултата гала вечер, а за тоа доста му помага и неговата брилијантна изведба со Каролина Гочева хитот се „Се лажам себе“. Во следните гали тој исто така има голема чест и пее со доста големи музички имиња од Балканот. Тој успева многу брзо да го грабне срцето на публиката, а доказ за тоа е тоа што од 13 гали, публиката го избра Александар 13 пати за фаворит. Меѓутоа на крајот тој не победува, а завршува на третото место. Можеби една од причините за непобедување е скандалот којшто го направи Хрватската Нова ТВ. Имено на рекламата за гласањето за финалистите на Операција Триумф, наместо бројот на Александар е ставен бројот на црногорката Нина Петковиќ, со што гласовите дадени за Александар оделе за Нина. Меѓутоа иако не ја зема победата му се ветува блескава кариера. Настапи на Операција Триумф
Избор на песна за Евровизија 2009После крајот на Операција Триумф, се разбира не е крајот туку почетокот на кариерата на Александар. Тој се пријави на македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој во февруари настапи со песната „Застани, солзи избриши“ чиј автор е Григор Копров. Александар заврши на осмото место. Избор на песна за Евровизија 2010После кратка пауза Александар се појавува повторно на музичката сцена и учествува на Македонскиот избор за песна на Евровизија. Тој настапил со песната „Остани“ чиј автор е Симон Трпчески. Александар завршил на третото место. Ексклузивец на План Б продукцијаНа 31 март 2010 Александар Белов официјално стана дел од План Б продукција. Својата работа, План Б продукција и Александар Белов, ја крунисале со промовирање на неговата најнова песна, со наслов "Една". Видео записот на песната, под режисерска палка на Дарио Јанковиќ, бил снимен на повеќе локации во Битола. Спотот бил премиерно и ексклузивно прикажан на Сител Телевизија во естрадниот магазин Бекстејџ. Песната станала огромен хит на сите радио и ТВ станици во Македонија. Поради големиот успех, после еден месец, била објавена екс-ју верзија на песната "Једна" за балканските земји. Песни
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia