Александар Прокопиев
Александар Прокопиев (Скопје, 24 февруари 1953) — македонски прозаист, есеист и поет.[1] ЖивотописТој бил прозаист и есеист. Роден во Скопје, 1953. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје[2]. Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За новелата „Ѕиркачот“ бил номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик. Член е на Независните писатели на Македонија. ТворештвоПрокопиев е автор на следниве дела:
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia