Алексо Мартулков
Алексo (Александар) Мартулков роден како Александар Ончев Мартулков[1] — еден од првите македонски социјалистички револуционер и публицист. Како член на Македонската социјалистичка група, а подоцна и на ВМРО (Обединета) тој се залагал за ослободување на Македонија. Алексо бил член на Президиумот на АСНОМ и во Собранието на Македонија. Рани години![]() Мартулков е роден во 1878 година во Велес, тогаш во Отоманската империја[2] во сиромашно семејство. Неговиот татко, Јован Мартулков, работел во народна пекара,[3] додека неговата мајка работела како градинар во богато семејство.[3] Имал постар брат кој на крајот станал учител во локалното училиште во Битола. Тој ги загубил своите родители на осумгодишна возраст поради нивните сиромашни услови.[4] Студирал во родниот град, каде што, според современите извори, бил недисциплиниран и често влегувал во расправии со други студенти што на крајот би довело до исклучување.[5] Потоа основното образование ќе го продолжи во Битола.[6] По завршувањето на основното образование ќе учи во педагошко училиште во Скопје. Тој ќе развие револуционерна и антимонархистичка идеологија заради влијанието од Петар Манџуков, како и идеологија насочена кон социјалистите, за што бил инспириран од еден од неговите учители во Скопје.[7] Поради ова, во 1898 година, тој и група други студенти социјалисти формирале тајна социјалистичка група во рамките на училиштето.[8] Поради тоа што групата била откриена од властите во училиштето тој ќе биде избркан од Педагошкото училиште поради неговата вмешаност во групата. За тоа време тој престојувал во куќата на неговите баба и дедо.[9] После тоа, Мартулков замина за Софија, каде што почна да развива социјалистички идеи како член на Македонската социјалистичка група.[2] Подоцна се преселил во Женева, Швајцарија, каде студирал хемија, но поради сиромаштија не можел да си го продолжи образованието и по една година се вратил во Софија.[10] Потоа Мартулков се вратил во Македонија каде што се приклучил како револуционер со МРО. Работел во Велес и Куманово и им помагал на ранетите револуционери за време на Илинденското востание.[11] Потоа после востанието успеал да добие работа и бил учител во народното училиште во неговиот роден град.[12] Втора светска војна![]() ![]() ![]() По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.[13] По втората светска војна се враќа во Македонија, каде учествува во АСНОМ. Се пензионира во Скопје. Носител е на Илинденска споменица. Спомените за револуционерните борби во Македонија ги завршува во 1953 г. во Скопје, а се издадени од Институтот за национална историја на Македонија во 1954 година. Подоцна разочаран се враќа во Софија, каде што умира. Bo своите спомени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“, Алексо Мартулков пишува за македонската револуција, за борбата против Османлиите и разните национал-шовинистички пропаганди на соседните држави, за превирањата во Организацијата. Многу убаво е опишана борбата на ВМРО против српската црковна пропаганда, односно против велико-српската оружена националистичка пропаганда, како една братоубиствена војна, војна помеѓу Македонците – Егзархисти и Македонците - србофили (Српското Четничко Движење). Тој говори и за фракционерството во самата Организација, за личните интереси на одредени дејци, за антагонизмот меѓу про-македонските елементи и про-бугарските неоврховисти и слично. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia