Андреа Кликовац
Андреа Кликовац (родена на 5 мај 1991, во Титоград) - поранешна црногорска ракометарка, која играла на позицијата десен бек. Била позната како специјалист за одбрана. За црногорската репрезентација играла 93 натпревари и постигнала 60 гола.[1] КариераКликовац започнала да игра ракомет на 9-годишна возраст во Будуќност, а прв тренер ѝ бил Драган Аџиќ. По девет години минати во екипата од Подгорица, Кликовац две сезони настапувала за Бисери Плевља, а оттаму во 2011 година се преселила во Македонија. Првиот клуб за кој играла бил Жито Прилеп, но набргу прилепскиот клуб згаснал и таа останала без екипа.[2] Во 2012 година, потпишала за Вардар.[2] Со клубот од Скопје, освоила шест титули во македонското првенство и играла во две финалиња на Лигата на шампионите. Во сезоната 2018-2019, настапувала за унгарската екипа Кишварда, но без поголем успех.[2] Во 2019 година потпишала за романскиот клуб ЧСМ Букурешт,[2] каде останала четири сезони и освоила една титула во романското првенство и два купа. На 28 мај 2023 година, Кликовац објавила дека се опростува од активното играње ракомет на возраст од 32 години.[2] Со кадетската репрезентација на Црна Гора има освоено бронзен медал на Медитеранските игри. Со јуниорската репрезентација на Европското првенство во 2009 година го освоила 8-мото место, а во 2010 година на Јуниорско светското првенство во Јужна Кореја освоила бронзен медал. Од 2011 година, Кликовац била дел од сениорската репрезентација на Црна Гора со која најголемиот успех го остварила со освојувањето на златниот медал на Европското првенство 2012 во Србија. ТитулиКлупски
Репрезентативни
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia