Лига на шампиони во ракомет за жени
Лигата на шампиони во ракомет за жени (Англиски: Women's EHF Champions League) е официјално натпреварување за женски ракометни клубови од Европа, раководено од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Од своето основање во 1960 па сè до 1992 натпреварувањето се нарекувало Куп на европските шампиони, но во 1993 натпреварувањето го сменило името во Лига на шампиони. ТурнирФазиЛигата на шампионите во ракомет за жени е поделена во пет фази. Во зависност од ранкингот на националните федерации, клубовите можат да влезат во натпреварувањето од квалификациите или директно во групната фаза. Бранителот на титулата заедно со шампионите од најдобро рангираните држави го почнуваат натпреварувањето во групната фаза, додека пак послабо рангираните држави ќе мора да поминат низ квалификациите. Квалификациски турнирСе формираат две групи од по четири екипи. Екипите во групите играат меѓусебно полуфинале и финале, на едно место за време на викенд. Победниците на групите обезбедуваат пласман во групната фаза од лигата на шампионите. Групна ФазаКлубовите квалификувани од квалификациските групи се придружуваат на бранителот на титулата, како и на шампионите од најдобро рангираните држави. Се формираат 4 групи со по 4 екипи. Екипите играат со секоја екипа двапати меѓусебно, на домашен и на гостински терен. Најдобрите 3 екипи од секоја група напредуваат во наредната фаза. Останатите клубови продолжуваат во Купот на победниците на куповите. Главна групна фазаСе формираат 2 групи од 6 екипи. Екипите играат меѓусебно по двапати, на домашен и на гостински терен. Најдобрите 4 екипи од двете групи се пласираат во четвртиналето. ЧетвртфиналеВпарувањето во оваа фаза се прави во однос на пласманот на екипите во главната фаза. Па така, првопласираните екипи од групите играат против четвртопласираните екипи, и второпласираните екипи играат против третопласираните екипи од групите. Четирите победници обезбедуваат пласман во фајлн фор турнирот. Фајнл форФајнл фор турнирот се одржува за викенд во еден град домаќин, претходно одреден од страна на Европската ракометна федерација. Со помош на извлекување се одредуваат паровите во фајнл фор турнирот. Победниците во полуфиналните натпревари играат во големото финале, додека пак поразените екипи се борат за трето место. РезимеКуп на Европските ШампиониЛига на ШампиониСтатистикаПо клуб
Најдобри стрелциНајдобри стрелци во историјата на натпреварувањето
Најдобри стрелци по сезониЗа да ја видите листата кој се ракометарки биле најдобри стрелци во Лигата на шампионите во ракомет за жени по сезони кликнете тука. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia