Анета Шукарова
Анета Шукарова (1 август 1955 во Скопје) — македонски класичен филолог и историчарка, професорка на Институтот за национална историја.[1] ЖивотописДипломирала во 1979 година на Филозофско-историскиот факултет во Скопје, на групата класични студии. Била професорка во гимназијата „Орце Николов“, а потоа преминала во Институтот за национална историја во 1981 година. Магистрирала на темата „Јустинијана Прима“ во 1991 година, а во 2001 година докторирала на Институтот за национална историја на темата „Атинските ретори и Филип II Македонски“. Три години била професорка по предметот Историја на античките Македонци на групата Историја и архивистика на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови од областа на античкиот и рановизантискиот период. Учествувала на научни собири во земјата и во странство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia