Антонио Ди Натале
Антонио Ди Натале (роден на 13 октомври 1977 година) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач. Познат по својот прекар Тото. Технички одликиКако разноврсен напаѓач со смртоносно око за гол, Ди Натале може да игра било каде во нападот, како осамен напаѓач или по крилните позиции во формација со тројца напаѓачи. Тој е познат по неговите дриблинг вештини и неговата способност да реализира голови и да создава шанси. КариераСвојата кариера ја започнал во Емполи, а своето деби за првиот тим го направил во натпревар од Серија Б во сезоната 1996-97. Следувале две сезони кој ги поминал на заем во екипите на Иперцола, Варезе и Вијареџо, по што се вратил во Емполи во летото 1999 година. Во сезоната 1999-2000 се афирмирал во клубот играјќи во 25 првенствени натпревари и постигнал 6 гола. Во сезоната 2001-02 со 16 постигнати гола му помогнал на Емполи да избори промоција во Серија А. Во својата прва сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал оформил партнерствo во нападот со Томазо Роки и Лука Саудати и се истакнал со 13 постигнати голови. Пред почетокот на сезоната 2004-2005, Ди Натале потпишал за Удинезе. Во следните 10 години тој станал капитен и икона на клубот со преку 400 натпревари и скоро 300 голови. Ди Натале бил најдобар стрелец во Серија А две сезони едноподруго во 2009-10 и 2010-11.[1] Во 2010 година ја добил наградата за Италијански фудбалер на годината. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia