Фабио Кваљарела
Фабио Кваљарела (италијански: Fabio Quagliarella; роден на 31 јануари 1983 во Кастеланаре ди Стабија) — италијански фудбалер, напаѓач на Сампдорија во Серија А. Тој исто така е поранешен репрезентативец на Италија, има одиграно 25 натпревари и постигнал 7 гола за репрезентацијата. Клупска кариераПочетокот на кариератаКваљарела својата кариера ја започнал во тимот на Торино. Тој своето деби во Серија А го имал на 14 мај 2000 против Пјаченца Калчо. Сезоната 2001-2002 во Серија А ја завршил со четири настапи пред да биде позајмуван во нисколигашките тимови.Најпрво тој беше позајмен на Фјорентина,тим кој во тој момент се натпреваруваше во Серија Ц2 лигата,а потоа и во Кјети. Во 2004 година се враќа во Торино каде постигнал 7 гола и со тоа помага на тимот да стигне до плеј-оф натпреварите во Серија Б но за жал тимот не успева да дојде до промоција во Серија А. Поради тоа, но и поради сè поголемите финансиски проблеми со кој се соочувал тимот Кваљарела е ослободен од обврските за наредната сезона и како слободен играч потпишува со Удинезе. УдинезеПо доаѓањето во Удинезе тој веднаш бил отстапен на новакот во лигата екипата на Асколи. За Асколи тој одиграл 33 натпревари во Серија А и постигнал 3 гола. Во јуни 2006 тој се вратил во матичниот клуб, но Удинезе и продал половина од неговиот договор на Сампдорија, каде Кваљарела настапувал следната сезона. Во сезоната 2006-07 Кваљарела постигнал 13 голови за Сампдорија што е негов рекорд на постигнати голови во една сезона во Серија А. На 21 јуни 2007 Удинезе го откупил целиот негов договор и станал единствен сопственик на договорот на Фабио, кој се вреќа во клубот како замена за Винченцо Јаквинта, кој порано тоа лето заминал во Јувентус. Тој одиграл две одлични сезони во клубот Удине постигнувајќи 12 гола во сезоната 2007-08 и 21 гол (13 првенствени, со што го израмнил својот рекорд) во сите конкуренции во сезоната 2008-09. Овие добри игри му донесоа шанса да заигра и во националниот дрес на Италија на Европското првенство 2008. НаполиНа 1 јуни 2009 Кваљарела потпишал договор со Наполи за сума од 18 милиони евра.[1] Играјќи во нападот со Езекиел Лавеци и Марек Хамшик тој постигнал 11 гола за клубот кој на крајот од сезоната завршил како 6-ти во Италија и се изборил за место во Европа лигата. Последниот настап на Кваљарела за Наполи бил токму во ова натпреварување против шведскиот клуб Елфсборг. Јувентус![]() Во последните денови од преодниот рок или поточно на 27 август 2010, Кваљарела преминал во редовите на италијанскиот најтрофеен тим Јувентус, пристигнувајќи на едногодишен заем до крајот на сезоната за сума од 4.5 милиони евра. Кваљарела одиграл одлична есен во Јувентус постигнувајќи 9 гола, вклучувајќи го и оној прекрасен погодок со глава во дербито против Милан во кое Јуве победил со 2-1. Набрзо станал миленик на навивачите на клубот и од нив го добил прекарот Ета Бета. Тој бил најефикасниот фудбалер на клубот, но во првиот натпревар по паузата во првенството поради новогодишните празници заработил сериозна повреда. Имено, во тој натпревар против екипата на Парма одигран на 6 јануари, тој го искинал лигаментот на десната нога поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната. Со неговата повреда и шансите на клубот за добра сезона се угасиле откако Јувентус од втор во јануари завршил дури како 7-ми во лигата. Сепак на 22 јуни 2011, во знак на задоволство од неговите настапи во клубот, раководствто на Јувентус потпишува со него постојан договор во трајност од три години за сума од 10.500.000 евра. Поради долгата пауза по повредата Кваљарела не бил во преден план во нападот на клубот од Торино кај новиот тренер Антонио Конте, на почетокот од сезоната 2011-12. Тој најчесто влегувал од клупата за резерви како замена за Алесандро Матри и Мирко Вучиниќ. Својот прв старт во почетниот тим во сезоната го имал на 18 декември 2011 против екипата на Новара. Во 75-тата минута од натпреварот тој го постигнал вториот гол за Јувентус во победата со 2-0 и тоа бил неговиот прв гол по пауза од речиси една година. Во вториот дел од сезоната тој бил стрелец во победите над Катанија и неговиот поранешен тим Наполи. На 7 април 2012 Кваљарела постигнал важен погодок на гостувањето кај Палермо, што завршило со победа на Јувентус од 2-0, со што му помогнал на својот тим да се врати на првото место на табелата во Серија А по пауза од еден месец. На крајот од сезоната Јувентус го освоил насловот во италијанското првенство и Кваљарела го освоил своето прво скудето во неговата кариера. На 30 април 2012, Кваљарела го продолжил договорот со клубот до летото 2015.[2] Кваљарела го постигнал својот прв погодок во сезоната на 19 септември 2012, израмнувајќи го резултатот на 2-2 против Челзи во натпревар од Лигата на шампионите, само неколку минути подоцна откако се појавил на теренот како замена. Три дена подоцна тој ги постигнал двата гола за Јувентус во победата над Кјево со 2-0. На 10 ноември 2012 го реализирал својот прв хет-трик во Серија А во кариерата, постигнувајќи три гола против Пескара во победата со 6-1 во Абруцо[3]. Во петтата рунда од фазата по групи во Лигата на шампионите Кваљарела постигнал уште еден погодок и повторно против Челзи давајќи му предност на Јувентус во победата со 3-0. Само неколку дена подоцна тој заработил парична казна од клубот заради изговарaње на непријатни зборови упатени кон помошник-тренерот на Јувентус Анџело Алесио, кој го извадил од игра во 57-мата минута од дербито со Милан.[4] Во јануарскиот трансферен прозорец 2013 Кваљарела бил блиску до трансфер во Парма, бидејќи Јувентус сакал да го трампа за услугите на напаѓачот Исак Белфодил, но двата клуба не успеале да се договорат околу доплатата, па тој остнал во Торино.[5] На 30 март 2013, го постигнал првиот погодок во дербито на Италија против Интер со прекрасен удар од далечина, а исто така и асистирал за вториот погодок на Јувентус кој го постигнал Алесандро Матри за победа од 2-1 во Милано.[6] Торино![]() На 18 јули 2014, Кваљарела потпишал тригодишен договор со Торино за сума од 3.5 милиони евра.[7] Така, играчот се вратил во клубот во кој ја започнал својата професионална кариера после девет години.[8] На 7 август постигнал гол од пенал во победата со 3-0 над Бромапојкарна, во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.[9] На 24 септември, го постигнал својот прв гол во Серија А во дресот на Торино, во победата со 2-1 над Каљари.[10][11] На 5 октомври, постигнал гол на Сан Паоло против Наполи, неговиот поранешен тим, во поразот со 1-2 на тимот предводен од Вентура.[12] На 1 февруари 2015 постигнал хет-трик, во победата со 5-1 против Сампдорија, уште еден негов поранешен тим.[13] На 26 април, му помогнал на својот тим да направи пресврт во градското дерби против Јувентус, асистирајќи за првиот гол на Матео Дармијан и постигнувајќи го одлучувачки гол во победата со 2-1; прва победа на граната над Јуве по точно дваесет години.[14] СампдоријаНа 1 февруари 2016, Кваљарела се вратил во Сампдорија на заем со опција за перманентен трансфер. Репрезентативна кариераКваљарела е репрезентативец на Италија од 2007 година кога дебитирал во натпревар против Романија. Тој играл исто така и на Светското првенство 2010 во Јужна Африка и постигнал еден преубав гол против Словачка иако неговата селекција испаднала уште во фазата по групи. Репрезентативни настапи и голови
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia