Антонио Ночерино
Антонио Ночерино (италијански: Antonio Nocerino, роден на 9 април 1985 во Неапол) — италијански фудбалер играч од средниот ред на Орландо Сити. КариераСвојата кариера ја започнал во младинскиот тим на Јувентус, за да во 2003 потпише повеќегодишен договор. По една сезона, неговиот договор бил откупен од страна на Џенова, и во следните три сезони настапувал како позајмен играч за Катанѕаро, Кротоне и Месина. Во сезоната 2006-2007 настапувал за Пјаченца, а во 2007-2008 се вратил во Јувентус, но во 2008 година бил вклучен во трансферот на Амаури кој од екипата на Палермо се преселил во Јувентус додека Ночерино тргнал во обратен правец заедно со соиграчот Давиде Ланзафаме и плус нешто повеќе од 12 милиони евра. Ночерино настапувал во Палермо до 2011 година, кога бил купен од Билан. За Билан одиграл три сезони пред да биде позајмуван во Вест Хем Јунајтед, Торино и Парма. Во февруари 2016 потпишал за Орландо Сити. |
Portal di Ensiklopedia Dunia