Арамејска граматика — поим со кој се опфаќаат морфолошките, синтаксните и семантичките одлики на арамејскиот јазик.
Општи одлики
Како и кај останатите семитски јазици, така и кај арамејскиот, морфологијата е заснована на т.н. семитски корен или зборовен корен основно составен од три согласки. Ваквите корени се составени од три согласки и го даваат основното значење на еден збор. Со додавање на самогласки и останати согласки се изведуваат зборови од основниот. Така на пример е земен коренот „k-t-b“ (пишува):
Именките и придавките во арамејскиот јазик имаат род, број и состојба. Состојбата е нешто слично со падежот во индоевропските јазици. Арамејскиот има два рода, машки род и женски род. Женскиот род е често означен со наставката -â, која се пишува со буквата алеф. Хебрејската варијанта не е алеф, туку буквата хе, во согласност со хебрејскиот правопис. Именките може да бидат во единина или множина, но постои и двоина за именки кои се во пар. Двоината постепено исчезнала од арамејскиот со текот на времето и нема влијание во современите арамејски јазици.
Арамејските именки и придавки може да се појават во една од трите состојби:
апсолутната состојба е оснивната форма на именките (на пример kṯâḇâ, 'ракопис'). Апсолутната состојба може да се користи во повеќето синтаксни употреби. Сепак, во средноарамејскиот апсолутната состојба за именките била заменета со нагласената состојба.
конструктивен состојба е форма на именката која се користи да се искаже присвојност (на пример kṯāḇaṯ malkṯâ, 'ракописот на кралицата'). Кај именките од машки род единина конструктивниот статус одговара со апсолутниот, но може да има редукција на самогласки кај подолги зборови. Конструктивниот статус кај именките од женски и машки род множина е означен со наставки. За разлика од генитивот кај индоевропските јазици, кај конструктивниот статус се додава наставка за присвојност кај именката што е поседувана, а не кај именката што поседува. Ова е како последица на збороредот на арамејскиот.
нагласената или определена состојба е форма на именката која има слична функција како членот, кој како граматичка категорија не постои во јазикот. Определената состојба е означена со наставки. Иако првично состојбата се користела да се означат само определените именки, во кралскиот арамејски јазик се означувале сите важни именки, дури и тие кои не би требало да се определат. Ова довело до многу ретка употреба во подоцнежните фази на арамејскиот.
Останатите северозападни семитски јазици имаат и апсолутна и конструктивна состојба, определената состојба е уникатна одлика на арамејскиот. Падежни наставки најверојатно постоеле во раните стази на јазикот и нивните траги можат да бидат видени во некои сопствени имиња. Сепак, сите наставки биле кратки самогласки и таквите не се пишувале, а подолгите наставки за генитив и акузатив за именки од машки род множина не се јасно воочливи. Често директниот предмет бил означен со претставката l- ако е определен.
Како и именките, така и придавките имаат род и број, а состојбите ги искажувале само ако биле својствени. Исказните придавки се во апсолутна состојба без разлика од состојбата на именката. Така, својствена придавка со определена именка, како во фразата „добриот крал“, се пишува исто како во определената состојба malkâ ṭāḇâ — крал[опред.] добар[опред.]. За споредба, исказната придавка, како во фразата „кралот е добар“ се пишува во апсолутна состојба ṭāḇ malkâ — добар[апс.] крал[опред.].
‘добар’
м.р. ед.
ж.р. ед.
м.р. мн.
ж.р. мн.
апс.
ṭāḇ
ṭāḇâ
ṭāḇîn
ṭāḇān
конст.
ṭāḇ
ṭāḇaṯ
ṭāḇê
ṭāḇāṯ
опред.
ṭāḇâ
ṭāḇtâ
ṭāḇayyâ
ṭāḇāṯâ
Белешка: Крајниот глас -â во поголем број овие примери се пишувал со буквата алеф. Во некои еврејски арамејски текстови тој глас се пишувал со буквата хе за женски род во апсолутна состојба. Исто така, во некои еврејско-арамејски текстови се користела хебрејската наставка -îm наместо -în за машки род апсолутна состојба. Определената наставка за множина -ayyâ има алтернативна верзија, -ê. Алтернативната верзија понекогаш се нарекува „отмена множина“, бидејќи имала проминентна употреба за етноними (на пример yəhûḏāyê, 'Евреите'). Алтернативната множина се пишувала со алеф, и останала како единствена множина за именки и придавки од овој вид во сирискиот и некои други арамејски јазици. Множината за машки род -ê се пишуваласо буквата јод. Во сирискиот и некои други арамејски дијалекти гласот преминал во дифтонгот -ai.
Присвојните фрази во арамејскиот може да се создадат со конструктивната состојба или со поврзување на две именки со односната честичка d[î]-. Употребата на конструктивната состојба во средноарамејскиот исчезнала, вториот метод станал главен метод за искажување посед.
Следуваат примери за присвојност со фразата „ракописот на кралицата“:
Kṯāḇaṯ malkṯâ — најстарата конструкција: прдметот кој е поседуван (kṯāḇâ, 'ракопис') е во конструктивна состојба (kṯāḇaṯ) а именката која поседува (malkâ, 'кралица') е во определена состојба (malkṯâ).
Kṯāḇtâ d(î)-malkṯâ — двата збора се во определена состојба и односната честичка d[î]- се користи да се искаже односот.
Kṯāḇtāh d(î)-malkṯâ —двата збора се во определена состојба и се користи честичката, но присвоената именка има прономинална наставка (kṯāḇt[â]-āh, 'ракопис-нејзин') што во буквален превод значи „нејзин ракопис, тој (од) кралицата“. Оваа форма е најчеста во современите арамејски јазици, а во библискиот арамејски не е присутна.
Глаголи
Глаголот во арамејскиот се развивал во зависност од времето и местото каде се зборувал јазикот, па така тој се разликувал од дијалект до дијалект. Глаголските форми биле означени за лице, број, род, време, начин и залог. Арамејските глаголи имале прво, второ и трето лице, еднина и множина, машки и женски род, перфект и имперфект (свршен и незвршен глагол), заповеден, инфинитивен и исказен начин и активен, пасивен и повратен залог. Во арамејскиот имало развиена конјугација.
Време и аспект
Арамејскиот имал две комбинации на аспектот и времето: перфект (или свршено) и имперфект (или несвршено). Овие првично биле аспектно времиња, но се развиле во нешто слично на прекажано и идно време. Перфектот не е означен, но имперфектот користел претставки кои варирале во согласност со лицето, бројот и родот. Во двете времиња трето лице еднина за машки род не е означен, од која другите форми се добиени со помош на наставки (а претставки за имперфектот).
лице и род
перфект
имперфект
ед,
мн.
ед.
мн.
3 л. м.р.
kəṯaḇ ↔ kəṯaḇ
kəṯaḇû ↔ kəṯaḇ(w)/kəṯabbûn
yiḵtuḇ ↔ neḵtoḇ
yiḵtəḇûn ↔ neḵtəḇûn
3 л. ж.р.
kiṯbaṯ ↔ keṯbaṯ
kəṯaḇâ ↔ kəṯaḇ(y)/kəṯabbên
tiḵtuḇ ↔ teḵtoḇ
yiḵtəḇān ↔ neḵtəḇān
2 л. м.р.
kəṯaḇt ↔ kəṯaḇt
kəṯaḇtûn ↔ kəṯaḇton
tiḵtuḇ ↔ teḵtoḇ
tiḵtəḇûn ↔ teḵtəḇûn
2 л. ж.р.
kəṯaḇtî ↔ kəṯaḇt(y)
kəṯaḇtēn ↔ kəṯaḇtên
tiḵtuḇîn ↔ teḵtuḇîn
tiḵtəḇān ↔ teḵtəḇān
1 л. м.р./ ж.р.
kiṯḇēṯ ↔ keṯḇeṯ
kəṯaḇnâ ↔ kəṯaḇn
eḵtuḇ ↔ eḵtoḇ
niḵtuḇ ↔ neḵtoḇ
Глаголска конјугација
Како и останатите семитски јазици, така и арамејскиот користел одреден број конјугации, или коренски наставки. Основната глаголска конјугација се нарекува „приземјен корен“ (ground stem) или „П-корен“ (G-stem). Следејќи ја традицијата на средновековните арапски граматичари, коренот се нарекувал „Pə‘al“ (или „Pe‘al“), со користење на тројниот корен „P-‘-L“, што значи „да прави“. Коренот го носи основното лексичко значење на глаголот. Со удвојување на вториот глас се добива „Д-коренот“ или наречен „Pa‘‘el“. Со ова се добива поинтензивен развој на значењето на глаголите. Така на пример, qəṭal значи „тој убил“, а qaṭṭel значи „тој убива“ (нешто поформално значење). Точната врска меѓу значењата на двата корена се разликува од глагол до глагол.
Со употреба на претставките ha-, a- или ša- се создава C-корен или т.н. Hap̄‘el, Ap̄‘el или Šap̄‘el. Ова е често широк или резултативен развој на основното лексико значење. На пример, ṭə‘â значи „тој заскитал“, а aṭ‘î значи ‘тој мамел’. Шапелот е наретко користена варијанта на С-коренот. Оваа варијанта се користела во акадскиот и најверојатно е познајмена конструкција во арамејскиот. Во доцниот староарамејски јазик имало постепено испуштање на почетниот глас „х“.
Овие три конјугации се дополнети со три изведени конјугации, произведени со претставките hiṯ- или eṯ-. Трите добиени корени се Пт-корен (Hiṯpə‘el или Eṯpə‘el), Д-корен (Hiṯpa‘‘al или Eṯpa‘‘al) и Ст-корен (Hiṯhap̄‘al, Ettap̄‘al, Hištap̄‘al или Eštap̄‘al). Нивното значење било обично повратно, но подоцна станало и пасивно.
корен
перфектен актив
имперфектен актив
перфектен пасив
имперфектен пасив
Pə‘al (П-корен)
kəṯaḇ ↔ kəṯaḇ
yiḵtuḇ ↔ neḵtoḇ
kəṯîḇ
Hiṯpə‘ēl/Eṯpə‘el (Пт-корен)
hiṯkəṯēḇ ↔ eṯkəṯeḇ
yiṯkəṯēḇ ↔ neṯkəṯeḇ
Pa‘‘ēl/Pa‘‘el (Д-корен)
kattēḇ ↔ katteḇ
yəḵattēḇ ↔ nəkatteḇ
kuttaḇ
Hiṯpa‘‘al/Eṯpa‘‘al (Дт-корен)
hiṯkattaḇ ↔ eṯkattaḇ
yiṯkattaḇ ↔ neṯkattaḇ
Hap̄‘ēl/Ap̄‘el (C-корен)
haḵtēḇ ↔ aḵteḇ
yəhaḵtēḇ ↔ naḵteḇ
huḵtaḇ
Hiṯhap̄‘al/Ettap̄‘al (Ст-корен)
hiṯhaḵtaḇ ↔ ettaḵtaḇ
yiṯhaḵtaḇ ↔ nettaḵtaḇ
Користена литература
Beyer, Klaus (1986). The Aramaic language: its distribution and subdivisions. Vandenhoeck und Ruprecht. ISBN3-525-53573-2.
Casey, Maurice (1998). Aramaic sources of Mark's Gospel. Cambridge University Press. ISBN0-521-63314-1.
„Aramaic“. The Eerdmans Bible Dictionary. Grand Rapids, Michigan, USA: William B Eerdmans. 1975. ISBN0-8028-2402-1.
Frank, Yitzchak (2003). Grammar for Gemara & Targum Onkelos ((expanded edition). изд.). Feldheim Publishers / Ariel Institute. ISBN1-58330-606-4.
Heinrichs, Wolfhart (ed.) (1990). Studies in Neo-Aramaic. Atlanta, Georgia: Scholars Press. ISBN1-55540-430-8.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)