Персиска граматика
Граматиката на персискиот јазик е слична на оние на многу други индоевропски јазици, особено на оние од индоиранското семејство. Веќе од среноперсискиот јазик па наваму, јазикот има релативно едноставна граматика, без родови и неколку падежни бележја. ЗбороредДодека во персискиот, збороредот е од типот Подмет Прирок Глагол, истиот не е многу лево разгранет. Главната реченица стои пред зависната реченица. Прашалната честичка аја (آیا) („дали“) се јавува на почетокот од реченицата (како кај македонскиот). Модификаторите им следат на именките кои ги модифицираат, иако во ограничена употреба можат и да им претходат. Јазикот користи предлози, што е ретко кај јазиците со таков зборовен ред. Единствениот бележник за падеж, ра (را), следи по израз со акузативна именка. Нормалните реченици се конструираат: подмет-предлог-прирок-глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш редот е „(Подмет) (Прирок + „ра“) (Предлог Предлог) Глагол“. Меѓутоа персискиот може да има релативно слободен зборовен ред. Ова е бидејќи деловите од реченицата се недвосмислени, а предлозите и акузативниот бележник го појаснуваат падежот во даден именски израз. Оваа можност за разместување му дава на јазикот голема мера на флексибилност за прозодија и римување. ИменкиГлавна статија: Персиски именки Персиските именки немаат родови. Се обележуваат со акузативен бележник само за конкретниот акузатив; другите објективни падежи се одбележуваат со предлози. Посесивот се бележи со посебни бележници: ако во реченицата имателот доаѓа по она што го има, може да се употреби езсафе; во друг случај се користи заменска генитивна клитика. На Живите именки им се дава множина со -ха, додека неживите обично со -ан, иако често среќаваме и -ха.[1] Постојат посебни правила за некои именки позајмени од арапскиот јазик. ЗаменкиГлавна статија: Персиски заменки Персискиот е беспредметен, или заменкоиспуштачки јазик, па така номинативните заменки не мораат да се користат. Заменките воопшто се исти за номинатив, акузатив, објектиц и генитив (езафе). Првото лице еднина од мен ра може да се скрати на мера. Меѓутоа заменските генитивни клитики (видете погоре) се разликуваат од номинативните заменки.
ПридавкиГлавна статија: Персиски придавки Придавките им следат на именките, користејќи го езсафе составот. Меѓутоа придавките можат да им претходат на именките во сложени изведени форми, како Кхош-бекхт (букв. добра-среќа) 'среќно', и бед-кар (букв. лош-чин) 'злобен'. Компаративните форми се служат со наставката тер (تَر), додека суперлативните форми со наставката терин (تَرین). ГлаголиНормалните глаголи се обликуваат по следнава шема: ( НЕГ - ДУР or ПОГОДБ/НАРЕДБ ) - корен - МИНАТО - ЛИЦЕ - АКУЗ-КЛИТИКА
هرچه بادا باد (значи: „нека биде што биде“) и دست مريزاد (буквално: „да не истури раката [она што го држи]“, со значење „добро направено“)
Конјугации
СложенкиЛесните глаголи како керден „прави“ често се користат со именки за формирање на сложенки, лесен глагослки состав или комплексен предикат. На пример, зборот „сохбет“ значи „разговор“, додека „сохбет керден“ значи „зборува“. Можеме да додадеме лесен глагол по именката, придавката, предлогот или предлошкиот израз за обликување на сложенка. Само лесниот глагол (пр. керден) се конјугира; Зборот пред него останува ист. На пример:
Како што може да се види од примерите, главниот збор (тука, сохбет) останува непроменет низ конјугацијата, а само лесниот глагол керден се конјугира. Други сложенки со керден се:
Помошни глаголи
ПредлозиПредлозите во персискиот се користат како во македонскиот – претходат на прирокот. Тие можат да бидат следниве:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia