Шпанска граматика
Шпански јазик (самонар. español, castellano) — јазик кој се зборува во Шпанија, Америка и Екваторска Гвинеја. Шпанскиот е флективен јазик, со два граматички рода, разни форми на глаголи, но без деклинација на именки и со поедноставена заменска (прономинална) деклинација. Овој јазик е првиот романски јазик кој имал напишана граматика во 1492 година, напишана од андалусискиот лингвист Антонио де Небриха. Што се однесува за регулацијата на јазикот, шпанската кралска академија се грижи за јазикот и го адаптира новите правила на јазикот. Разликите помеѓу стандардниот шпански јазик зборуван во Шпанија и шпанскиот јазик во Америка, не се разликува многу и меѓусебно многу лесно се разбираат. ГлаголиВо шпанскиот јазик постојат седум индикативни граматички времиња, горе долу лесно споредливи со граматичките времиња на македонскиот јазик. Секој глагол има шест различни форми за пишување, во зависност од лицата и времето.
ПридавкиУпотребата и функцијата на придавките во шпанскиот јазик се скоро слични со тие во македонскиот јазик и останатите индоевропски јазици. Покрај големите сличности, карактеристично за шпанските придавки е:
ЧленовиШпанскиот јазик има два вида на членови: определен и неопределен.
Определените членови на шпанскиот се исти со македонските -та, -ва, -на, -от, -ов, -он, -то, -во, -но и останатите. Неопеределен член, македонскиот јазик нема. Показни зборовиШпанскиот јазик има три вида на показни зборови, чија употреба зависи од далечината на говорниците и предметот кој се опишува. Исто како и македонскиот, показните зборови на шпанскиот имаат и број и род.
Забелешка: кога показниот збор се наоѓа пред именката за која се однесува, показниот збор не се акцентира, пр. esta casa (оваа куќа), esos días (тие денови). Исто така, показните зборови можат да стојат сами. Во таков случај, акцентот е опционален или често е испуштен освен ако тоа ја прави реченицата двозмислена, пр. Quiero este (or éste) (Јас го сакам ова). Средниот родима значење како "ова (или она) нешто, концепт или идеја": Eso está bien (Тоа е добро). Поради нивната употреба, показните зборови од среден род никогаш не се користени како придавки. За неопределеност, немаат множина. ПрисвојностПрисвојните зборови зависат од родот и бројот. Првото во табелата е присвојна придавка, второто присвојна заменка.
Родот во овие случаи се однесува на родот на предметот што е присвоен, за разлика од македонскиот каде присвојниот збор е според човекот кој го поседува. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia