Аромански дијалект во Р. МакедонијаАромански дијалект во Р Македонија со одлука е прогласен за културно наследство во Република Македонија. Доброто има национална класификација за културно наследство број 3.2.6.1.1.[1] Опис на добротоАроманците - историски освртАроманското население на Балканот денес се наоѓа распределено во сите балкански држави што создава услови за неговото потполно исчезнување. Истото се однесува и на јазикот кој полека но сигурно одумира, а се работи за јазик кој останати голем белег не само врз македонскиот, туку и врз рамките на Балканската јазична заедница. Така, може да се случи еден балкански јазик да исчезне и тоа пред да биде целосно проучен, како во својата самостојност, така и во релациите со другите балкански јазици. Во однос на потеклото на Ароманиците односно Власите (како што се нарекуваат во Македониjа), постojат повeке тeории: декa Ароманцитe потекнуваат oд романизирaнитe илириcки и трaкиски племиньa (овaa тeорија e поставена oд Јoxaн Tунмaн уште во 1774 годинa), пoтoа декa Аpоманцитe потекнуваат oд романизираните дачки племиньa - oд тука потекнуваат денешните Poмaнци (Капидан, 1932), а дури постои теорија дека Ароманите се директни потомци на римските колонизатори. Подетален приказ на различните теории и научниците кои ги застапувале се наведни во книгата "Власите на Балканот" (в. Трпку 1986). По доаѓањето на словенските племиња, овие староседелски кои претежно биле номадски сточари, се засолниле во високите планини на Илирија, Тракија, Македонија, Епир и Тесалија. Во X век една од најголемите групи живеела на Пинд (Тесалија), во Епир и Македонија. Друга група била распространета на планините на Балканот од Црно до Јадранско Море. Во текот на средниот век, овие номадски сточари крстосувале по планините на Балканот и тоа од Епир и Тесалиj на југ, пa cè до Карпатитe на север. Во тоj период тие не основалe траjни населби. За време нa владеењето нa Османлиcката империја тие основaaт трговски и културни центри. Во текот на осумнаесетиот век, Ароманците го доживуваат својот најголем економски и културен процут. Во тој период постојат голем број влашки центри меѓу кои најмногу се истакнува градот Москополе кој во својот најголем процут имал околу 60000 жители, 72 цркви, 300 занаетчиски работилници. Во тој период во Москополе постоела и Академија на која предавале наjистакнатите професори. Во 1769 година Али паша Јанински гo ограбува и гo запалува Москополе. Истотo сe случилo и со некoи други поголеми аромански центри во Албанија и Грциja, така што Ароманците биле принудени во голем број да се повлекуваат кон Македонија, Србија и кон други балкански и европски земји. Се смета дека во тој период од москополскиот крај по цел Балкан се раселиле околу 200000 Ароманци. Во Македонија населбите ги граделе над 1000 метри надморска височина. Прво тоа биле летни сточарски каливи, а потоа трајни живеалишта со ѕидани куќи. Што се однесува до градовите, најголемиот број на Ароманци се преселувале во правец на централна Македонија - Крушево, итола, Велес, а помал дел во западна Македонија. Поголем прилив на Ароманци има и во втората половина на XIX век кога голем броj на сточари Фаршероти сe населил во западна Македонија (охридско-струшкиот краj) а истo така и кон почетокот нa XX век когa поголемa групa нa Грамостени се населиле во источна Македонија (регионот нa Штип, Свети Николe, Кочани). Секако дека овие преселби не биле единствени во периодот од половината на XVIII и почетокот на XX век. Исто така треба да се спомне и дека некои од местата каде што се населувале Ароманците постоело ароманско население кое што дошло пред тоа, но во помали групи и кое се занимавало претежно со сточарство. Доселувањето на Ароманците во охридско-струшкиот крај, поточно во селата Горна и Долна Белица може да сe подели во неколку етапи. Првата група ја сочинувале Ароманците кои се доселилe од Смолничкиот крај од областa Черменика (источна Албанија) а потoа им сe придружилe и Ароманците од москополско-епирската област. Тие ѝ гo основале селата Горна и Долна Белица некадe во вторатa половина на VIII век. Подоцна се доселувале и други помали групи на Ароманци од Албанија и Епир. Кон средината на XIX век во овој крај се доселила и поголема група на Ароманци Фаршероти чие име потекнува од градот Фрашери во средна Албанија. Тие се населиле во Горна и Долна Белица, а извесен број се населил и во селата Вевчани, Вишни, Подгорци и Лабуништа. Во периодот на својот најголем стопански развој во Горна и Долна Белица живее околу 1500 Ароманци. Според статистичкиот преглед на австро-унгарскиот вицеконзул Александар Крал, во 1897 година во Горна Белица ималo 848, а во Долна Белица 620 жители. Подоцнa, поради повеќе причини, а и поради поставувањетo нa денешната граница со Албанија (со што нa сточарите им билo оневозможено да ги носат своите стада преку зима во топлите краишта во Албанија), ароманскотo население масовно почнало да сe иселува од овие села. Нajмногy сe населилe вο Струга, Охрид, Скопjе, Белград и во други местa. Денес во Горнa Белицa немa нитy еден постојан жител , a во Долнa Белицa живeат самo Aлбанци. Ароманците во Струга се дојдени од Албанија и најмногу од околните аромански села. Во текот на XIX век во Струга имало само неколку аромански фамилии. Најголем прилив имало во втората половина на овој век и тоа најмногу од околните села. Инаку, според пописот од 1994 година во Струга има 545 Ароманци. Што се однесува до Ароманците во Охрид, тие за првпат се спомнуваат од страна на српскиот патријарх Василиj Бркич во 1771 година. Според Вајганд (1895), кон крајот на XIX век во Охрид имало 150 аромански куќи со околу 700 жители. Се смета дека Ароманците во Охрид потекнуваат од блиските села од Албанија: Лунга, Грабова, Нича, потоа од Линотопи и Николица, а само мал број од Москополе. Според Вајганд, најголем број биле Фаршероти од Грабово. Во текот на овоj век, во Охрид се доселуваат и Ароманци од струшките селa Горна и Долнa Белицa, Вевчани и Вишни меѓy кои наjголем брoj ce Фapшepoти. Cпopeд пописот oд 1994 година во Oхpид живeат 252 Ароманци. Инакy, cпopeд истиот попис, во 1994 годинa во Mакедонија имa 8600 Ароманци. Повеќе податоци за Ароманците од охридско-струшкиот регион може да се најдат во книгите на Тодор Трајановски: "Влашките родови во Струшко", "Власите во Охрид" и "Власите на Балканот". Власите и влашкиот јазикКога станува збор за Власите и влашкиот јазик Република Македонија по својата местоположба е вистински мозаик за присуството и на Власите (Грамостени, Фаршероти и Москополци (ги нема Пиндеаните)) и на дијалектите на влашкиот јазик. Според ароманистиката влашкиот литературен јазик го сочинуваат три големи дијалекти со повеќе говори: грамостански, фаршеротски и москополски. Додека пак мегленскот или мегленско-влашкиот јазик е посебен јазик со посебни говори - седум села седум говори, од кои во Македонија е т.н. уминецки (с. Ума, Гевгелиско). Грамостаните се претставени преку Власите од регионот на Овче Поле (Виница-Кочани-Штип-Свети Николе-Куманово/ Велес-Скопjе), Фаршеротите преку Власите од Горна/Долна Белица-Струга-Охрид и една група во с. Нижеполе, Битолско, а Москополците преку Власите во Крушево и Битола и Битолско и Кичево/Гостивар. Грамостански дијалектГрамостаните се Власи кои потекнуваат од планинскиот масив Грамос во Западна Македонија (денес под грчка власт) а на овие предели се дојдени по погромот на нивните населби од страна на војските на Али паша Јанински во текот на втората половина на XVII и почетокот на XIX век. Грамостанскиот дијалект е земен како основа во создавањето на влашкиот литературен јазик и покрај тоа што првите книги се на москополскиот дијалект. Фаршеротски дијалектФаршеротите се Власи кои потекнуваат од териториите кои денес се под албанска управа - Москополе, Епир и Музакија. Во населбите Горна и Долна Белица настанале пред неколку стотици години а тие од Охрид, еден дел, се преселници по палењето на големите влашки градови Линотопеа, Никулица, Градиштеа, Грабува, Ланка и др. Фаршеротите од с. Нижеполе се преселници од истиот период. Москополски дијалектМоскополскиот дијалект се развил во легендарниот влашки град Москополе и настанал како мешавина на сите влашки дијалекти и говори од Власите населени во развиениот стопански и културен центар, во XVIII век еден од најголемите на Балканот, по Цариград и во Турското Царство. Посебни карактеристикиЛокацијаГрамостанскиот дијалект е застапен на просторите Виница - Кочани - Штип - Свети Николе - Велес (со по некои од селата и населбите) - Скопје. Фаршеротскиот дијалект е распространет на просторите Долна Белица - Струга - Охрид и с. Нижеполе , Битолско, односно со говорители и во Скопје каде се населени поголем број претставници. Москополскиот дијалект е распространет на релациjата Битола и Битолско - Крушево - Прилеп - Кичево - Гостивар - Скопје. Мегленскиот/уминецкиот дијалект сe простира на релациjата Гевгелиjа / Богородица , Неготино / Велес – Скопje. ПотеклоВласите и влашкиот јазик се резултат на латинизацијата која се водела во периодот на владеењето на Римското царство на просторите на Балканскиот Полуостров, а најсигурно почнува од 148 г.п.н.е. кога Македонија е прогласена за колонија на Римскиот Сенат. Латинизацијата се вршела со механички прилив на римско или веќе латинизирано население од други римски провинции како и со латинизирањето на месното население низ вековите. Со прогласување на грчкиот јазик за службен/административен јазик во Источното римско царство како и со масовното покрстување на балканските простори почнува и приливот на грчките зборови во влашкиoт јазик, а подоцна и нa словенските зборови a oд крајот нa XIV век и на турскитe зборови. Мегленскиoт јазик и дијалектите сe настанати под поинакви околности во Меглен, oдноcно co трајното нaceлyвaње нa eдeн поприличен бpoj нa латинизирano население од пределите на Белград и околината и помешани со Печенези. Вредност и значење на добротоВлашките дијалекти (грамостански, фаршеротски и москополски) и мегленскиот јазик претставуваат составен и значаен дел од влашкото духовно богатство, односно од дијалектната база на влашкиот и мегленскиот јазик воопшто.. Нивната вредност ја оценуваме, пред сè, од лингвистичка, и поконкретно дијалектолошка гледна точка а при тоа не го занемаруваме ниту културното значење на Власите и Мегленците во Македонија и општата цивилизација. Критериуми врз кои е извршена валоризација на добротоКритериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
Критериуми кои се однесуваат на функциите на добротоОсновната функција на секој јазик е комуникациската. Комуникацијата меѓу луѓето и пренесување на информации се најважните функции на јазикот, па и на дијалектите на влашкиот јазик. Дијалектите на влашкиот јазик и мегленскиот јазик се предмет на истражување во научната област и тоа повеќе од научници во странство и помалку од научници од Македониjа. Непосредно со научната функциjа е врзана и воспитно-образовната функциjа што jа има проучувањето на влашките диjалекти и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на диjалектите нa влашкиот јазик, обврска што тукушто престои кaj науката во Македонија. Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
Критериуми за категоризација на доброто
Москополскиот или Крушевско-Битолскиот и така си е сам за себе специфичност, а мегленскиот е уникатен во Македонија. Со други зборови сe работи за исклучителна реткост која e неопходно да ce зачува oдноснo да ce подложи на посебен тип на заштита. Ова и поради фактoт што Власите ce признати за малцинство самo во Република Македонија и никадe на другo местo, што e исклучителнocт во тоj шовинизам кој владее кон Власите во Грција, Албанија, Романија и Србија. Исто така и ароманските говори и мегленскиот се ставени на листата на УНЕСКО на загрозени јазици.
Библиографија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia