Хортач (село)
Хортач или Ортач (грчки: Χορτιάτης, Хортијатис) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Населението брои 4.515 жители (2021). ГеографијаСелото се наоѓа на истоимената планина Хортач, на 10 км источно над Солун. ИсторијаАнтика и средновековие![]() На влезот во селото стои римски аквадукт од I век, единствениот од овој вид зачуван во Централна Македонија.[2] На 2 км североиsточно оd Хортач се наоѓа средновековната тврдина Кастри. Јужно од селото е Хортачката тврдина, сместена на врвот Хортач.[3] Името Хортијатис се појавува за планината за првпат во XI век. На планината имало неколку манастира, од кои најважен бил Хортачкиoт манастир „Пресв. Богородица“.[3][4] Хортијатис се спомнува во преписките на солунскиот богослов и државник Димитaр Кидон, кој го спомнува нападот на тоа место во 1383 г. Тој раскажува за настанот кога Турците под команда на Хајредин-паша го опсадиле Солун, вознемирени од политиката на градскиот управник Мануил Палеолог. Не е јасно дали станува збор за селото или поопшто за поширокиот регион на планината, или пак за тврдината на врвот Кастри.[3] Во XV век има едно попатно спомнување на Хортијатис. Според житието на Стефан Лазаревиќ, за време на граѓанската војна меѓу наследниците на султанот Бајазит I, Муса, соперник и брат на Сулејман, обидувајќи се да завладее со Солун во периодот од 1411 до 1413 г. го срушил град Хортијатис. Словенскиот поим град укажува на утврдено подрачје или утврден град. Можно е Кастри да е тврдината на градот Хортијатис, наречен „град“ во тоа време.[3] Во Отоманското ЦарствоСелото е основано около XV век околу урнатините на Хортачкиот манастир,[4] на подрачјето на денешното училиште.[3] Во XIX век Хортач веќе било грчко село на самата северна јазична граница. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е од 1837 година.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хортич (Hortitch) е село со 195 домаќинства сочинети од 825 жители Грци.[5] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Ортач живееле 1.600 Грци.[6] По данни на секретаря на екзархията Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година в Ортадж (Ortadj) има 1090 гърци и в селото работи грчко училиште.[7] Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Хортијатис (Χορτιάτης) било „гркојазично“ село во Солунската митрополија со 2.306 жители со грчка национална свест. Во селото работеле грчка шестолетка и грчка детска градинка со 365 ученици и 4 учители.[8] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Хортач (Хортач-кеј) се состоел од 200 грчки куќи.[9] Во Грција![]() По Балканските војни во 1913 г. Хортач е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.696 жители, а во 1920 г. е попишан 1.721 жител.[10] На 2 септември 1944 г. германски војници и грчки соработници убиле 149 жители на селото во тананаречениот Хортачки масакр. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia