Артемиса (покраина)
Артемиса (шпански: Provincia de Artemisa) е една од двете нови покраини на Куба, создадени на почетокот на 2011 г. со подвојување на покраината Хавана.[2][3][4] Најголем град и општина на поранешната покраина Хавана бил Артемиса. Новооснованата покраина се состои од 8 западни општини на покраината Хавана и 3 источни општини од соседната покраина Пинар дел Рио (Баија Онда, Канделарија и Сан Кристобал). Главен и најголем град на покраината е Артемиса (44.000 жит.). Новата покраина е поголема само од градот Хавана и покраината Мајабеке, но има поголемо население од други четири. Исто така таа е најгусто населена, по градовите Хавана и Сантјаго де Куба. Стопанството е мешано: се одгледуваат земјоделски култури како овошјето, компирот, оризот, раноградинарските производи, шеќерната трска), а индустриските капацитети се посветени на производство на градежни материјали (две цементарници), преработка на прехранбени производи и производство на електрична енергија. Од особена важност е пристанишниот град Мариел на северниот брег. Во покраината е сместена и главната база на воздухопловните сили (во Сан Антонио де лос Бањос), западната база на морнарицата (во заливот Кабањас) и воената академија „Антонио Масео“ во Кајмито. Општини![]() ![]()
Извор: Државни статистики за 2010 г.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia