Олгин (покраина)
Олгин (шпански: Provincia de Holguín) е една од покраините во Куба, втора по населеност, по градот-покраина Хавана. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Поважни градови се Олгин (главниот град), Банес, Антилја, Мајари и Моа. Населението брои малку над еден милион жители. Зафаќа површина од 9.300 км², од кои 25% отпаѓаат на шуми. ИсторијаКристофер Колумбо допловил тука на 27 октомври 1492. Потем тој рекол дека ова е „најубавата земја која човечки очи имаат видено“. Покраината Олгин била создадена во 1978 год., по одделувањето од регионот Ориенте. Познати личности
СтопанствоКако и најголемиуот дел од земјата, стопанството во Олгин се заснова на шеќерна трска, но рударството, пченката и кафето се исто така важни гранки. Во Моа има огромна фабрика за обработка на кобалт со терминали за испорака, која била изградена со помош од странство, која во главен дел дошла од Канада. Во покраината има и многу индустриски капацитети за обработка и на хром, никел, железо и челик. Од неодамна во покраината почнат е и развојот на туризмот и постојат бројни хотели околу Гвардалавака. Општини![]() ![]() Олгин е поделен на 14 општини:
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia