Матансас (покраина)
Матансас (шпански: Provincia de Matanzas) е покраина во Куба. Поголеми градови се Карденас, Ховелјанос и главниот град Матансас. Одморалишниот град Варадеро исто така се наоѓа во оваа покраина. Оваа е втора покраина по големина во Куба. Покраината е главно рамна, со највисоката точка (Пан де Матансас) на само 380 m надморска височина. Северното крајбрежје има бројни мали атоли, честак и мангрови близу водата. Јужното крајбрежје е едно од најпосебните места во Куба: тука има огромно мочуриште, Сиенага де Запата које се поротега ширум јужниот дел на покраината и истоимениот полуостров. Источно од полустровот се наоѓа Заливот на свињите, местото на неуспешната инвазија поддржана од САД. Ова е една од најиндустријализираните покраини во Куба, со нафтени извори, рафинерии, објекти за супертанкери, и 21 шеќерана за обработка на шеќерната трска која се одгледува во покраината. ОпштиниПокраината Матансас има 13 општини. На крајот на 2010 г. е укината општината Варадеро, со припојување на нејзината територија кон општината Карденас. Дотогаш имала вкупно 14 општини.
Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia