Гвантанамо (покраина)
Гвантанамо (шпански: Provincia de Guantánamo) е најисточната покраина на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Покраината ја заобиколува важната поморската база на САД во заливот Гвантанамо. Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Покраината е само 80 км од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана. Планините Нипе-Сагва-Баракоа доминираат во покраината, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се одликува со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси. Општини
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia