Архимандрит Нектариј
Архимандрит Нектариј (Мендо Најдоски) (18 октомври 1960, Селце (Прилепско)) — архијереј на Македонската православна црква, игумен на манастирот „Свети Наум“.[1][2] ЖивотописАрхимандритот Нектариј е роден во село Селце, Прилепско во 1960 година. Крстеното име му било Мендо Најдоски. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје. Бил замонашен на 16 декември 1982 година во манастирот „Св. Илија“ – Чардак, а од 1981 до 1985 година престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари. Од 1985 до 1987 година бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево и професор од 1987 до 1990 година. Во 1990 година станал првиот монах во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид и негов прв игумен. Во 1993 станал архијереј на МПЦ нехиротонисан (според негова волја). Значајни се неговите преводи на богослужби од црковнословенски јазик.[2] Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia