Арјеж
Арјеж (француски: Ariège [aʁjɛʒ]; окситански: Arièja [aɾiˈɛdʒɔ]) — департман во југозападна Франција, во регионот Окситанија. Името го добил по реката Арјеж, а негов главен град е Фоа. Арјеж е познат по својот селски крајолик, со население од 153.067 во 2016 година. INSEE кодот и поштенскиот број му се 09, па оттука и неофицијалното име зеро неф (le zéro neuf)[4] . Жителите на департманот се познати како Аржејци и Аржејки[5]. Историја![]() Арјеж е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година, според законот од 22 декември 1789 година. Создаден е од грофовиите Фоа (Лангдок) и Кузеран (Гасконија). Било поднесено барање до Генералниот совет за преименување на департманот во Арјеж-Пиринеи[6]. Според предлагачите, зборот „Пиринеи“ би имал позитивно влијание за промоција на департманот низ Франција. Барањето бил одбиено. Фоа е управно средиште на Арјеж. Тој е средновековен град со тврдината Шато де Фоа која стои на ридот над него. Тврдината била нападната неколку пати, но не била заземена, вклучувајќи го и обидот на Симон де Монфор. Се користела и како затвор, а на ѕидовите на ќелиите сè уште се гледаат имиња на англиски воени затвореници. Друг познат замок во Арјеж е замокот Монсегир, кој на карпа на надморска височина од 1.200 метри. За време на Катарската крстоносна војна, замокот бил под опсада во 1244 година, кога бил главно уништен, а повеќе од двесте катарски свештеници биле запалени на клада како еретици. Замокот бил постепено обновен во текот на следните триста години. На почетокот на 17 век, областа била опустошена од бунтовите на хугенотите на протестантите против католиците. Во 1621 година, силите на хугенотите ја уништиле црквата во Ла Тур-ди-Крие. Во 1629 година, Памје бил опустошен од Хенрик Конде поради бунтови, оставајќи стотици мртви во градот. Ова беше, исто така, раздобјето во кој биле запалени и уништени манастирите Фоа, Тараскон-сир-Арјеж, Сен Жирон, Саверден и Ле Мас-д'Азил. 19 век бил време на силен индустриски раст кој во Арјеж бил поддржан од изобилството вода. Департманот, исто така, имал корист од неговите значителни резерви на железна руда. Растот на индустријата заснована на железо бил особина на раздобјето со основањето на челичарница во Памје во 1817 година. Ова оттогаш бил главниот двигател на месното стопанство. Други примери за индустријата за железо што се развила во Арјеж се ковачниците во Монгајар и високите печки во Тараскон-сир-Арјеж. Дополнителен дел од индустрискиот развој на департманот бил индустријата за хартија во Сен Жирон и текстилната индустрија во Пеи д'Олм. Промените на законите за шумите во 1829 година довеле до бунт на земјоделците кои се преправија во жени и протестирале против губењето на нивното право да ги користат шумите[7]. Места од особено историско значење што вреди да се споменат се: Памје, во кој има голем трговски центар и три цркви, Мирепоа, средновековен град и Сен Лизје, кој лежи на врв на ридот со кривулести улици, прекрасни погледи и црква со манастир. Сен Жирон е земјоделски центар со пазар во сабота. Географија![]() Департманот е дел од сегашниот регион Окситанија, а неговите граници ги чинат француските департмани Горна Гарона на запад и север, Од на исток и Источни Пиринеи на југоисток, како и Шпанија (Леида) и Андора на југ. Зафаќа површина од 4.890 км2 и е поделен на три области: Фоа, Памје и Сен Жирон[8]. Се состои од 13 кантони, 327 општини. Во 2009 година, бил воспоставен Регионалниот парк на природата Арјеж Пиринеи, кој опфаќа приближно 40 % од површината на департманот Арјеж. Природни единициПостојат три главни географски единици:
Северот се состои од рамнини, ридови и ниски долини во кои преовладува земјоделството. Делот Лораге го покрива североисточниот дел на департманот. Двете главни реки, Арјеж и Лез, ја поминуваат рамнината од југ кон север. Во крајоликот преовладуваат полињата со жито, но се одгледуваат и слатка пченка и сончогледи, како и трева.
Оваа област се состои од планинскиот венец Планторел и подножјето на Пиринеите под 1000 м надморска височина. Постојат различни геолошки структури: долината Фоа со својот гранитен планински предел и регионот Лавелане со лапор и варовник.
Преовладуваат Пиринеите над 1000 м надморска височина, кои ја чинат границата помеѓу Франција и Шпанија. Пика д'Еста (3143 м), Монкалм (3077 м) и Пик де Сотло (3072 м) се највисоките точки на департманот. Овие врвови се јасно видливи од Тулуза. Во оваа географска единица преовладуваат иглолисни шуми, кои сосуштествуваат со дрвја со тврдо дрво, како што се костенот, обичната робинија, јаребиката и буката. За истражување на прекрасните Пиринеи постојат стотици километри добро обележани патеки. Високите планини се лесно достапни по добри патишта, со жичарници или пеш. Има многу преноќишта кои овозможуваат сместување во планините. Истите се удобни, топли и со добра храна. Има и бројни слатководни езера кои нудат различни дејности, како пешачење, пливање, риболов, веслање и пикник. Постојат неколку скијачки патеки. Трите најголеми се Акс-Бонасакр, Ле Мон дОлм и Гизе-Неж. Има многу скијалишта, едно од најдобрите е на Плато де Беј во близина на Ле Кабан. Арјеж е еден од најмалку населените и најсочуваните региони во Франција. Месните жители ги чувуваат обичаите, особено старите земјоделски техники. Како резултат на тоа, поради намалената употреба на инсектициди, флората и фауната на областа е разновидна и изобилна. Пеперутките се чести, а птиците многубројни. Големите грабливки, вклучувајќи ги и прекрасните белоглави мршојадци, се особено забележливи. Во долините во близина на границата на департманот со Шпанија, има многу недопрени села и села - Сеикс, Коминак и Oлис-ле-Бен се примери - заедно со живописните планински села. КлимаАрјеж претставува источна граница до каде преовладуваат океански врнежи, но се чувствуваат и други влијанија:
Летата не се многу сушни, бидејќи протокот на воздух од северозапад носи дожд во текот на целата година. Врнежите се умерени во подножјето и во некои заштитени долини, и изнесуваат од 700 до 1000 мм годишно, но значително се зголемуваат во повисоките котлини со надморска височина и во нив количините изнесуваат од 1000 и 1800 мм. Падините изложени на северозапад, како што се Олис и Орлу, заедно со челните гребени кои се судираат со протокот на воздух од југозапад (предизвикувајќи ефект на фен), се највлажни. Снежната покривка е вообичаена на надморска височина од 1.000 метри, додека од 1.500 до 2.000 метри трае неколку месеци. Има повеќе од 2500 метри перглацијални области, но единствениот вистински ледник во Арјеж е Мон Валје, во близина на Кастијон-ан-Кузеран. Климата е ниска во пониските подрачја. Така во градот Фоа (400 метри) просечната температура во јануари е 5 °C и 19 °C во јули. Меѓутоа, брзо се намалуваат со надморската висина, на пр. во Опитале-пре-л'Андор (1430 m) е 0 °C во јануари и 14 °C во јули. СтопанствоДепартманот Арјеж е претежно земјоделско подрачје, бидејќи почвата е богата и плодна. Повеќе од 50 % од подрачјето на Арјеж е планинско, шумите зафаќаат 490.965 хектари. ![]() Во долинита на Акс, собирањето талк е најсвојствена дејност. За преработката во Лузенц се грижи Кариер де талк де Тримун, кој е најголем производител во регионот (400.000 тони годишно). Оваа индустрија е надополнета со туризам. Зимските спортски одморалишта се Акс 3 Домен, Аску-Пелер, Плато де Беј, Ле Шиула и Гулје Неж. Во областа Лавелане постоела силна текстилна индустрија, но нејзин голем дел се преселил вон земјата. Доста претпријатија се обиделе да преживеат во услови на конкуренција со поевтината работна сила во Источна Европа и Азија. Во напуштените фабрики влегле нови деловни субјекти, како што е пиварницата Ле Гран бизон, која работи неколку години и освојува брои златни и сребрени одличја за своето пиво. Во областа Памје, металургијата, авијацијата и хемијата се главните индустриски гранки. Металуршката фабрика Обер и Дивал произведува делови за воздушната и енергетската индустрија. Неколку претпријатија се надворешни соработници на авиокомпании, на пример Рекаеро и Мазер, работат со производители на авиони. Хемијата е претставена од индустријата за бои со Алијанс Местрија, која вклучува неколку претпријатија кои произведуваат боја за се, од згради до авиони. Во истиот сектор, Етјен Лакроа во општиената Мазер главно произведува пиротехнички средства. Во подрачјето Сен Жирон, индустријата е во опаѓање. Главно е претставена со производство на хартија. Хидроелектраните Арјеж сочинуваат околу една петтина од производството на Пиринеите. Хидроелектраната Астон има најголем годишен производствен капацитет на Пиринеите (392 милиони kWh). Со Орлу и L'Hospitalet-près-l'Andorre, тие имаат најголем капацитет во департманот и поддржуваат град од 600.000 жители. Енергијата ја користат и големите индустриски постројки. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia