Аскаријаза
Аскаријаза е заболување предизвикано од паразитски цевчести црви Ascaris lumbricoides.[1] Во повеќе од 85% од случаите, инфекциите не даваат симптоми, особено ако бројот на црви е мал.[1] Симптомите се зголемуваат со бројот на присутни црви и може да вклучат немање на здив и треска на почетокот на заболувањето.[1] Истите може да се проследени со надуен стомак, болка во стомакот и дијареа.[1] Најчесто се засегнати децата, и кај таа возрасна група инфекцијата може да предизвика недоволно зголемување на тежина, неисхранетост и проблеми со учењето.[1][2][3] До инфекција доаѓа преку јадење или пиење на храна контаминирана со јајца од Ascaris од измет.[2] Јајцата се развиваат во цревата, се пробиваат низ ѕидот на цревата, и мигрираат добелите дробови преку крвта.[2] Таму се пробиваат во алвеолите и поминуваат преку трахеа, каде се искашлуваат и голтаат.[2] Ларвите поминуваат преку стомакот по вторпат во цревата каде што стануваат возрасни црви.[2] Се превенира со подобрена хигиена, која што вклучува подобрување на пристапот до тоалети и правилно исфрлување наизмет.[1][4] Миење на раце со сапун се покажало како корисна заштита.[5] Во области каде повеќе од 20% од популацијата е заразена, се препорачува лекување на сите заболени во редовни интервали.[1] Честопати инфекцијата повторува.[2][6] Нема вакцина.[2] Терапиите препорачани од Светската Здравствена Организација се лекарства албендазол, мебендазол, левамисол или пирантел памоат.[2] Во други ефикасни средства спаѓаат трибендимидин и нитазоксанид.[2] Околу 0.8 до 1.2 милијарди луѓе на глобално ниво имаат аскаријза,а најмногу засегната е популацијата воСубсахарска Африка,Латинска Америка и Азија.[1][7][8] Тоа ја прави аскаријазата најчеста форма на хелминтијаза пренослива преку почва.[7] Во 2010 таа беше причина за околу 2,700 смртни случаи, што е помалку во споредба со 3,400 случаи во 1990.[9] Друг тип наAscaris ги инфицира свињите.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia