Лимфна филаријаза
Лимфна филаријаза позната уште како елефантијаза настанува од нематодни црви од видот Филариоидеа. Заразените со оваа болест немаат симптоми. Сепак некои потекуваат во рацете, нозете или гениталиите. Кожата може да се задебели и да се јават болки. Промените на телото можат да предизвикаат општествени и економски проблеми кај заболеното лице.[1] Причинители и дијагнозаНематодните црви се шират преку убодите на заразениот комарец. Најчесто, инфекциите се јавуваат кај децата. Постојат три видови на црви кои ја предизвикуваат болеста: Вухерерија банкрофти, Бругија малаји и Бругија тимори. Вухерерија банкрофти е најчеста. Нематодните црви го оштетуваат лимфниот систем.[1] Болеста се дијагностицира со гледање на примерок од крв под микроскоп, извлечен во текот на ноќта.[2] --> Крвта треба да биде густ размас со боење по Гимза. Во крвта може да се провери дали има анатитела против болеста.[2] Превенција и лекувањеЗаразените еднаш годишно ги лекуваат, со цел потполно да се отстрани болеста. Лекувањето трае шест години. Најчести лекарства што се употребуваат се: албендазол со ивермектин или албендазол со диетилкарбамазин. Лекарствата не ги уништуваат возрасните црви, но спречуваат понатамошно ширење, додека црвите сами не изумрат.[1] --> Се прават напори да се спречат убодите од комарци и намалување на нивниот број, како и поставување на мрежа за комарци.[1] ЕпидемиологијаПовеќе од 120 милиони луѓе се заразени со лимфна филаријаза. Околу 1.4 милијарда луѓе се во опасност од болеста во 73 земји. Најраширена е во Африка и Азија. Како последица од болеста, економијата секоја година е во загуба од повеќе милијарда долари.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia