Атманџали
Атманџали или Акманџали (грчки: Λάκκωμα, Лакома) — село во Општина Нова Пропонтида во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Географија и местоположбаАтманџали се наоѓа на 32 километри јужно од градот Солун и на 32 километри југоисточно од центарот на општината Нова Пропонтида, на западниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 100 метри. ИсторијаОтоманско ЦарствоСелото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 310 жители Турци[3]. ГрцијаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови. На пописот од 1913 година биле евидентирани 300 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 310 жители[4] ДемографијаВо 1928 година селото броело 336 жители, додека во 1940 година селото броело 632 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 606 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 756 жители, во 1971 година имало 804 жители, во 1981 година имало 676 жители[4], додека во 1991 година имало 819 жители. Денеска, населението на селото е 859 жители според пописот од 2011 година. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia