Нова Каликратија
Нова Каликратија (грчки: Νέα Καλλικράτεια, Неја Каликратија) — гратче во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Нова Пропонтида на Халкидичкиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 7.238 жители (2011). Основано е од грчки дојденци во 1920-тите. ГеографијаГратчето е сместено во западниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на брегот на Солунскиот Залив Историја![]() Во подрачјето на гратчето е откриена населба од праисториско време. Местото уживало просперитет во македонската држава, за што сведочи Новокаликратиската надгробна стела. Стелата датира од 440 г. п.н.е. и денес е изложена во Солунскиот археолошки музеј како најстариот и најважниот древномакедонски релјеф.[2] Во византиско време на местото на Нова Каликратија било подрачје со земјоделски поседи под името Стомио кои му припаѓале на манастирот Ксенофонт.[2] На 1 км северозападно е византиската црква „Св. Трифун“.[3][4] Нова Каликратија е основана во 1922 г. од грчки дојденци од источнотракиското гратче Каликратија, кое денес го носи името Мимарсинан и е предградие на Истанбул.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia