Баталјон „Јордан Николов“
Баталјон „Јордан Николов“ (Прв Кумановски Народнослободителен баталјон „Јордан Николов - Орце“) — формиран во с. Пелинце, Кумановско, на 1 декември 1943 година,[1] а расформиран во с. Жегљане, Кумановско, на 26 февруари 1944 година. Баталјонот бил формиран од 116 борци на Скопско-кумановскиот НОПО и новопристигнати борци. БиткиВодел борби против четничките сили на Дража Михајловиќ, во Козјачијата кај селата Аљинце и Дренак (Битка кај Дренак, 10 декември), вршел диверзии на пругата Врање-Куманово-Романовце, водел успешни борби со бугарската војска и полиција во Кратовските села: Вакуф, Мургаш и Рударе (26 и 27 декември), кај с. Пелинце, Кумановско (Битка кај Пелинце, 13 јануари 1944), кај с. Билјача, Прешевско (7 февруари), ги напаѓал селските општини и одржувал политички собири по селата и го прибирал во Которлак, што окупаторот им го поделил на селаните за борба против партизаните и др. Во јануари 1944 година, баталјонот бил опколен од бугарската војска и полиција, како и четниците на Козјак кои, со концентрични дејства на кумановско-врањското подрачје, сакале да го уништат. Баталјонот се извлекол од опкружувањето и кај селото Пелинце од заседа го нападнал бугарскиот полициски одред „Бенковски“, нанесувајќи му значителни загуби.[1] Во февруари 1944 година, заедно со Вториот јужноморавски НОПО и со Косовскиот баталјон, учествувале во нападите на непријателските упоришта и на помалите посади во поширокиот реон на Козјак. Во една од битките на 7 февруари кај Билјача (Кумановско-Прешевско) против бугарската војска и полиција, покрај другите загинал и командантот на Баталјонот, Христијан Тодоровски-Карпош.[1] Бидејќи нараснал на околу 250 борци, од неговиот состав и од новопристигнати борци бил формиран новиот Втор кумановски НО баталјон „Христијан Тодоровски - Карпош“ во с. Бајловце на 22 февруари, 1944 година. При формирањето на Третата НОУБ, на 26 февруари, баталјонот влегол во нејзиниот состав.[1] Учесници
ПоврзаноНаводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia