За други истоимени места, погледајте
Дренок .
Дренок (или Дренак ) — село во Општина Старо Нагоричане , во областа Козјачија , во околината на градот Куманово .
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во планинската област Козјачија и е од разбиен тип, чии маала лежат на надморски височини од 640 до 1.040 м. Атарот зафаќа 16,5 км2 [ 2]
Историја
На крајот на XIX век Дренок било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) од 1900 г. во Дренок (Дрѣнъкъ ) живееле 525 жители, сите Македонци христијани.[ 3] [ 4]
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија . По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во Дренок имало 560 Македонци, сите под егзархијата.[ 3] [ 5] Според бугарски извори, сите 82 куќи во селото во 1904 г. под притисок на српската пропаганда ја признале Цариградската патријаршија за своја црква.[ 6]
Во учебната 1907/1908 година според Јован Хаџи-Васиљевиќ во селото имало српско патријаршистичко училиште, што значи дека тоа биле години на борба за превласт помеѓу бугарската и српската пропаганда врз населението.[ 7]
За време на Првата светска војна Дренок имал 755 жители.[ 8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци .[ 9]
За време на Втората светска војна , на 10 декември 1943 година, во селото се случила битка помеѓу македонските партизани и српскиот Вардарски четнички корпус .
Стопанство
Селото има полјоделско -сточарско стопанство. Според податок од 1998 г. има 456,1 ха обработливо земјиште , 652,1 ха пасишта и 204 ха шуми .[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 657 — 1953 696 +5.9% 1961 666 −4.3% 1971 517 −22.4% 1981 364 −29.6%
Година Нас. ±% 1991 157 −56.9% 1994 114 −27.4% 2002 54 −52.6% 2021 15 −72.2%
Според пописот од 2002 година, во селото Дренок имало 54 жители, сите Македонци .[ 10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, сите Македонци .
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
525
560
657
696
666
517
364
157
114
54
15
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 11] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 12] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 13] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 14]
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1 .
↑ 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 216. ISBN 954430424X .
↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 299.
↑ Хаџи-Васиљевић, Јован (1909). Јужна Стара Србија, историјска, етнографска и политичка истраживања, I . Београд: Издање Задужбине И. М. Коларца. стр. 520.
↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 31“ . Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-12 .
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
Надворешни врски
Грбот на Општина Старо Нагоричане Раселени