Бајрам Шабани
Бајрам Шабани (14 октомври 1922 во Липково — 14 октомври 1941 во Белановце) — учесник во НОВ во Македонија, првоборец и народен херој.[1] За народен херој на Југославија бил прогласен на 10 октомври 1951 година.[2][3] ЖивотописПотекнува од сиромашно селско семејство кое во Липково немало доволно земја за обработување. Сирак од шестгодишна возраст, од својата петнаесетта година работел во Куманово како земјоделски и градежен работник и како ковач. Во 1939 година се вклучил во синдикалното движење, а во летото 1941 година станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ).[4] Во септември 1941 година, Шабани е дел од групата која, по наредба на кумановската партиска организација, го проучува просторот на делување на Карадачкиот партизански одред. При престојот на групата во селата, Шабани на албански јазик ги убедуваше своите соговорници дека бугарската власт е ненародна и дека ги пљачкосува и Албанците и Македонците.[5] На 12 октомври 1941 година кога се формира Карадачкиот партизански одред, Шабани станува борец на одредот. Загинал по два дена, во борба со бугарската војска и полиција во атарот на с. Белановце, Кумановско, држејќи отстапница на своите другари. Во моментот кога ја фрлил последната бомба, бил погоден од митралески оган и паднал мртов. За народен херој бил прогласен на 10 октомври 1951 година.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia