Злате Михајловски
![]() Злате Михајловски (исто така и Злате Малакоски, с. Богдево, Гостиварско, 1926 – Прилеп, февруари 1944) — учесник во НОВ. Прогласен е за народен херој на Југославија на 8 октомври 1953 година.[1] ЖивотописЗлате Михајловски е роден во гостиварското село Богдево во текот на 1926 година, во семејството на Меле и Велика. Биле двајца браќа и две сестри во семејството. Уште многу млад, Злате Михајловски заедно со група свои роднини заминал на печалба. Бил ѕидарски работник во Белград до 1941 година. Учеството во Народноослободителната војнаПо окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и во март 1943 година стапил во Мавровско-гостиварскиот партизанскиот одред „Кораб“. При битката на одредот со балистите на 27 април 1943 година во Ново Село бил заробен. Спроведен бил и држен во затвор во Тирана, каде му била изречена пресуда: смрт со стрелање. Но, по капитулацијата на Италија, Злате Михајловски и останатите затвореници го напуштиле затворот. Во септември 1943 година станал борец во Првата македонско-косовска бригада, каде бил пушкомитралезец.[2] Злате Михајловски со Првиот баталјон учествувал во борби кај Кичево, Осој, Буковник, Извор и на други места, каде се воделе борби со германски единици и балистички групи. На Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија, одржан на 22 декември 1943 година во селото Фуштани, Егејска Македонија, Михајловски бил избран за член на претседателството. Во февруари 1944 година, бригадата се придвижила кон области и места во Македонија кои биле под окупација на бугарската војска. Бригадата во која бил Злате Михајловски, водела битки околу градовите Велес и Прилеп. Михајловски со мала група партизани влегле во градот Прилеп, со цел да започнат ненадеен оган врз непријателските војници. Но, по успешната акција, неговата група била опколена од војска и полиција, и при престрелките Злате Михајловски бил смртно ранет. Неговото тело било изложено на фудбалското игралиште во Прилеп, каде многумина прилепчани продефилирале за да му оддадат почит.[1] Почести
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia