Белоградчик
Белоградчик (бугарски: Белоградчик) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белоградчик во Видинската Област. Има население од околу 4.723 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа во подножјето на Стара Планина, на околу 50 километри јужно од реката Дунав и на околу 67 километри од регионалниот центар Видин. Градот е многу блиску до Белоградчичките Стени, кои зафаќаат површина од 90 квадратни километри и достигнуваат висина до 200 метри. ИсторијаНаселбата настанала во времето на Римјаните, кои изградиле тврдина на истото место каде што се наоѓаат денешните остатоци од Белоградчичката тврдина. Во 14 век, Белоградчик бил дел од Видинското Царство, а Белоградчичката тврдина била меѓу најтешките за освојување во земјата. По османлиската инвазија за градот се откриени податоци во османлиски регистар од 1454 година. За време на османлиското владеење, жителите главно се занимавале со занаетчиство и земјоделство. Во 1850 година, во областа избувнало востание, кое било задушено во крв. Белоградчичката тврдина била обновена во сегашната форма и по ослободувањето на Бугарја. Во војната од 1885 година, набргу по обединувањето на Источна Румелија со Кнежевството Бугарија, Србите го направиле првиот обид да го заземат градот, но биле поразени.[2] На почетокот на Балканската војна, пет лица од Белоградчичк доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia