Бен Кингсли
Бен Кингсли (англ. Ben Kingsley), роден како Кришна Пандит Банџи (англ. Krishna Pandit Bhanji; р. 31 декември 1943 г.) ― англиски глумец. Во текот на неговата кариера добил многу награди меѓу кои: Оскар, БАФТА, Греми и две награди Златен глобус, а исто така бил предложен за четири Еми-награди за серија во ударен термин и две награди „Лоренс Оливие“. За неговите заслуги за британската киноиндустрија, во 2002 година Кингсли бил назначен за витез-бакалауреат. Живот и кариераКришна Пандит Банџи бил роден на 31 декември 1943 година, во Снејнтон, Англија.[1][2][3] Неговата мајка била англиска глумица и манекенка што била родена вонбрачно и „не сакала да зборува за нејзиното потекло“.[4][5][6] Неговиот татко бил роден во Занзибар (денес дел од Танзанија) во семејство со индиско потекло.[7][8] 1967 ― 1981: Театарски глумец и почетоци на кариератаВо 1967 година Кингсли се приклучил на Кралската Шекспирова компанија (RSC).[9] Следните 15 години се посветил исклучиво на работа во театар, а на театеарот во Вест Енд дебитирал во 1967 година во претставата „Како ви е арно, така“.[10] Потоа глумел и во други драмски претстави како: Од влакно ортома, Ричард III, Бура, Сон на летната ноќ, Хамлет и Веселите жени од Виндзор.[10] ![]() Во 1960-тите, го сменил неговото име во Бен Кингсли, сметајќи дека странското име ќе му ја попречи кариерата.[11][12] Во 1971 година Кингсли дебитирал на Бродвеј со драмската претстава Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир.[13] Во 1981 година се вратил на Бродвеј играјќи ја главната улога во претставата од Рејмонд Фицсимонс Едмунд Кин (1983).[14] Тој во Сиднеј во 1982 го глумел Вили Ломан во претставата Смртта на продавачот работена според драмата од Артур Милер, во која исто така глумел и Мел Гибсон. 1982 ― 1998: Премин кон филмски и телевизиски улогиПресвртна точка во кариерата на Кингсли бил животописниот филм Ганди (1982), во режија на Ричард Атенборо, во кој Кингсли ја играл насловната улога на антиколонијалистичкиот активист и миротворец Махатма Ганди. За неговата изведба, Кингсли добил многу признанија вклучувајќи ги: Оскар за најдобар глумец, награда БАФТА за најдобар глумец во главна улога и Златен глобус за најдобар глумец во филмска драма. Следната година глумел во британскиот драмски филм Предавство (1983), адаптација на истоимената драма од 1978 година од Харолд Пинтер. За неговата изведба ја освоил наградата „Evening Standard“.[15] ![]() Во текот на 1980-тите, Кингсли глумел во многу филмови, вклучувајќи ги: Дневникот на желката (1985) во режија на Џон Ирвин, Морис (1987) кој бил адаптација од истоимениот роман од 1971 година од Е.М. Форстер,[16] го глумел рускиот композитор Дмитриј Шостакович во „Сведоштво“, главниот лик Василиј Паскали во „Островот на Паскали“ (1988) и д-р Џон Вотсон во „Без трага“ (1988). Кингсли бил номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога за улогата на Мејер Лански во филмот Багзи (1991). Имал споредни улоги во филмовите: Патики (1992), Дејв (1993) и како учителот по шах Брус Пандолфини во Барајќи го Боби Фишер (1993). Во историската драма од Стивен Спилберг, „Шиндлеровата листа“ (1993), Кингсли го глумел Ицак Стерн, човек кој го преживеал холокаустот. За овој филм Кингсли бил номиниран за наградата БАФТА за најдобар глумец во споредна улога. Кингсли глумел заедно со Сигурни Вивер во „Смртта и девојката“ од Роман Полански (1994), откако претходно глумел со неа во Дејв. Во 1996 година го глумел Фесте во Спроти водици, филмска адаптација на драмата од Вилијам Шекспир. 1999–денес: Подоцнежни улогиКингсли го глумел Дон Логан, насилен психопат и регрутер за лондонското подземје, во „Секси ѕвер“ од Џонатан Глејзер (2000). [17] Оваа улога на Кингсли му донела уште една номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога. Една година подоцна, тој ја освоил наградата „Кристален глобус“ за исклучителен уметнички придонес во светската кинематографија на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Во 2003 година го глумел полковникот Масуд Амир Бехрани во филмот „Куќа од песок и магла“ во режија на Вадим Перелман. За неговата улога бил предложен за наградата Оскар, наградата Златен глобус и наградата Independent Spirit за најдобар глумец.[18][19] Следната година имал споредна улога во психолошкиот трилер Suspect Zero (2004). ![]() Во јули 2006 година, Кингсли добил номинација за „Еми награда за серија во ударен термин“ за извонреден глумец во главна улога во ограничена серија или филм за неговата изведба во телевизискиот филм на HBO „Госпоѓа Харис“ (2005), во кој го глумел познатиот кардиолог Херман Тарноуер, кој бил убиен од неговиот љубовница, Џин Харис.[20] Во 2007 година, Кингсли глумел мафијаш во комедијата You Kill Me, и платен убиец во War, Inc.[21] Кингсли добил номинација за најдобар британски глумец на годината од Лондонскиот кружок на филмски критичари.[22] Во 2010 година го позајмил гласот на ликот по име Сабин во играта Fable III од студиото Lionhead и глумел заедно со Леонардо ди Каприо во Островот Шатер (2010) во режија на Мартин Скорсезе. Истата година, Кингсли дебитирал во Боливуд со трилерот Teen Patti (2010). Следната година се појавил во следниот филм од Скорсезе, детскиот авантуристички филм Хуго (2011), каде го глумел францускиот илузионист Жорж Мелије. Улогата на Кингсли на Мелије, исто така, му ја донела наградата Сатурн за најдобар глумец. Во 2013 година, Кингсли го глумел негативецот Тревор Слетери во филмот Ајронмен 3 и протагонистот Мејзер Рекхем во научно-фантастичниот филм Ender's Game. Една година подоцна го играл еврејскиот роб Нун во Егзодус: Богови и кралеви од Ридли Скот и Меренкаре, симулакрум на египетски фараон и татко на Ахменра, Ноќ во музејот: Тајната гробница[23] во кој глумеле и: Бен Стилер, Робин Вилијамс, Овен Вилсон, Рами Малек и Ден Стивенс. Истата година, Кингсли ја повторил неговата улога на Слатери во краткиот филм „Сите поздравете го кралот“. Во 2015 година, Кингсли портретирал Сики инструктор за возење во филмот „Learning to Drive“. [24] Го позајмил гласот на Багира во адаптацијата во живо на „Книга за џунглата“ од Џон Фавро (2016), римејк на оригиналниот филм од 1967 година.[25] Кингсли, исто така, ја снимил Автобиографијата на Јоги од Јогананда. Во 2018 година бил наратор во документарниот филм Сè или ништо: Манчестер Сити кој го следел соборувањето на рекордот на Манчестер Сити во Премиер лигата во сезоната 2017-18.[26] Кингсли ја повторил неговата улога на Тревор Слетери во филмот Шанг-Чи и легендата за десетте прстени (2021).[27] Глумел во „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“ од Вес Андерсон (2023), филмска адаптација на расказот од Роалд Дал. Филмот освоил Оскар за најдобар краток филм во живо.[28] Кингсли треба да го игра Ибрахим Ариф во филмот според повеќенаградуваната серија од Ричард Осман Четврточен клуб за убиства.[29] Снимањето започнало во летото 2024 година. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia