Битолски СрезБитолски Срез или Срез Битола (српски: Срез Битољ) — административна единица во Кралството Србија (1913-15) и Кралството Југославија (1919-1941). Организација и населениеКралство Србија (1913-1915)![]() ![]() После Втората балканска војна, во 1913 година, овие области службено влегле во границите на Кралството Србија. Битолскиот Срез припаѓал на Битолскиот Округ, заедно со Кичевскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот Срез. Како седиште на срезот, бил градот Битола. Во 1913 година тој имал 16 општини, со 79 села и 10 манастири. Срезот имал население од 34.192 жители. Општина Битола не била во состав на срезот, туку била во единицата Окружен Град Битола која исто така припаѓала во Битолскиот Округ.[1]
Кралство СХС (1919-1929)Во 1921 година, срезот имал 13 општини. Тогаш срезот повторно припаѓал во Битолскиот Округ, и во покраината Јужна Србија. Општина Битола повторно не била во состав на срезот. Срезот во 1921 година, имал 27.000 жители.[2] Тоа е намалување од 7.192 жители (во однос на пописот 1913 година), како последица од Првата светска војна. ЈазикВо градот Битола, 56% од населението говорело српски или хрватски[3], додека 21% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во битолската околина 80% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[4] (13%).[5]
РелигијаВо градот Битола 62% од населението било православно, 28% биле муслимани, додека 9% биле евреи. Од другата страна пак, во битолската околина 83% биле православни и 18% биле муслимани.[6]
Кралство ЈугославијаСо смената на името на државата во Кралство Југославија на 3 октомври 1929 година, дошло и до нови административни промени. Битолскиот Округ бил укинат, била воведена Вардарската Бановина, и Општина Битола била вклучена во срезот. Во 1931 година, Битолскиот срез имал 14 општини и еден град. Вкупното население било 65.164 жители. Како православни се изјасниле 76% од жителите, додека како муслимани 17%.[7] 71% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[8], 8% говореле на арнаутски[4] и 20% на други јазици (турски и ладино). ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia