Кавадаречки срезКавадаречки срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија. Организација и населениеКралство СрбијаПо припојувањето на овој дел кон Кралството Србија, бил формиран Неготински срез, каде што припаѓале и кавадаречките села. Посебно бил издвоен градот Кавадарци со 5.861 жител. Набргу по Втората балканска војна, бил формиран посебен Кавадаречки срез, независен од Неготинскиот.[1] Кралство СХСВо 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Кавадарци имал 5.522 жители, а кавадаречката околина имала 19.629 жители. ЈазикВо градот Кацадарци 84% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 15% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 89% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (10%).[3]
РелигијаВо градот Кавадарци 59% од населението било православно, додека 43% биле муслимани. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 73% биле православни, а 23% биле муслимани.[4]
Кралство ЈугославијаВо 1931 година, Кавадаречкиот срез имал 10 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 5.504, додека селското население било 18.415. Целиот срез имал 23.919 жители. Како православни се изјасниле 92% од жителите, додека како муслимани 7%.[5] 96% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[6], додека 3% збореле на друг јазик (во најголем дел турски). Во ФНРЈПо Втората светска војна, Кавадаречкиот срез преминува во Кавадаречка околија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia