Горнодебарски срез![]() Горнодебарски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија. Организација и населениеКралство СрбијаПосле Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Горнодебарскиот срез припаѓал на Охридскиот округ, заедно со Струшкиот и Охридскиот срез. Како центар на срезот бил градот Дебар. Во 1913 година тој има 8 општини, со 38 села, 2 селца, еден град и немало манастири. Градското населние изнесувало 10.199, додека селското население изнесувало 15.182 жители. [1]
Кралство СХСВо 1921 година, срезот имал 6 општини и еден град. Градот Дебар имал 7.125 жители, а горнодебарската околина имала 7.824 жители. ЈазикВо градот Дебар 42% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 57% говореле на арнаутски[3] . Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 58% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (28%), а по него бил турскиот јазик со 13% од населението.[4]
РелигијаВо градот Дебар 38% од населението било православно, додека 61% биле муслимани. Од другата страна пак, во рамките на целиот срез, 40% биле православни и 59% биле муслимани.[5]
Кралство ЈугославијаВо 1931 година, горнодебарскиот срез имал 5 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население изнесувало 7.198, додека селското население изнесувало 9.098. Целиот срез имал 16.296 жители. Како православни се изјасниле 41% од жителите, додека како муслимани 56%.[6] 62% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 26% говореле на арнаутски[3]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia