Галички срез![]() Галички срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија. Организација и населениеКралство СрбијаПосле Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Галичкиот срез припаѓал на Тетовскиот округ, заедно со Долно-полошкиот, Горно-полошкиот и Поречкиот срез. Како центар на срезот био селото Галичник. Во 1913 година тој има 10 општини, со 37 села, 2 селца и 1 манастир. Населението изнесувало 20.995 жители.[1]
Кралство СХСВо 1921 година, срезот имал 9 општини. Целото население било рурално, со 11.510 жители. ЈазикВо Галичкиот срез 77% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 22% говореле на арнаутски јазик[3].[4]
РелигијаВо Галичкиот Срез 52% од населението било православно, додека 48% биле муслимани.[5]
Кралство ЈугославијаВо 1931 година, галичкиот срез имал 7 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 12.051 жители. Како православни се изјасниле 54% од жителите, додека како муслимани 46%.[6] 84% од жителите збореле македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 16% збореле на арнаутски[3]. Во ФНРЈ и СФРЈПо Втората светска војна, срезот престанал да постои, бидејќи бил поделен помеѓу соседните срезови. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia