Благоја Грујовски
Благоја Грујовски (р. 16 септември 1962, Скопје) — македонски поп-фолк пејач на народна музика. ЖивотописГрујовски својата кариера како пејач ја започнува во 1993 година. Тој во својата кариера има испеано многу негови авторски песни: "Јано мори Јанинке", "Моја река", "Туѓино јабано", "Ој невесте", "Селвије сенѓузел", "Леле мори Јано" и други. Тој е чест учесник на фестивалите: Фолк Фест Роса, Фолк Фест Валандово, Охрид Фест, Цветници и други. Во 2013 година во Универзалната сала го прославува својот 20-годишен јубилеј со солистички концерт, каде гости се: Сузана Гавазова и врвни музичари од македонската естрада. Тој покрај музиката, се занимава и со новинарска кариера, како водител почнува во Радио Скопје во музичка емисија. Во 2013-2014 година е водител на емисија за градови "Плетенка" на МТВ, потоа "Фолк естрада" на Сител-телевизија 2015-2016 и "Везилка" на Телевизија Алфа во период од 2021-2023 година. ДискографијаСпотови
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia