Блаже Ицев
Блаже Ицев ( 1923 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1] ЖивотописПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование по што започнал да го изучува столарскиот занает. Уште на млади години се вклучил во редовите на напредното младинско движење во Ваташа. Во октомври 1941 година станал член на една скоевска група што ја предводел Диме Чекоров. Оваа скоевска ќелија одржувала редовни состаноци на кои биле читани партиски материјали кои се добивале од Кавадарци. Биле добивани и политичките списанија "Политички листок" и "Марксистички листок". Биле свесни за опасноста на која се изложуваат, но без приговор ги извршувале сите па и најтешките задачи. Заедно со своите другари пренесувале храна за борците од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, а мошне активни биле и во времето на формирањето на одредот „Добри Даскалов”.[1] Масакрот на ваташките деца![]() Таквата нивна активност не останала незабележана од страна на бугарските фашисти. Поради неговата револуционерна дејност на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) е уапсен од страна на бугарската полиција, а по зверското мачење истиот ден е однесен во месноста "Моклиште", каде што е стрелан со уште 11-мина младинци од Ваташа.[1]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia