Блатска
ГеографијаСелото се наоѓа на подножјето на планината Доспат. Блатска лежи на левата страна од реката Места, на крајниот југоисточен дел од Неврокопското поле. Од општинскиот центар Долна Сингартија е оддалечено 2.2 киломерти североисточно, додека пак од градот Неврокоп е оддалечено 12 киломери југоисточно. ИсторијаНад селото е антиката и средновековна тврдина Хисар.[1] Во списокот на населените места со христијанско население, во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. Блатска (Бласка) е наведено како село во кое живеат 15 немуслимански семејства.[2] Во XIX век Блатска било муслиманско село во Неврокопската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ од 1873 г., Блатска (Blatska) е заведено како село со 40 домаќинства и 100 жители муслимани.[3] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон крајот на XIX век во Блатска имало 50 турски куќи.[4] Според отоманскиот државен попис, во 1899 г. селото броело 215 жители.[5] Според Димитар Гаџанов во 1916 г. Блатска, Дабница и Фустане живееле 1.100 Македонци-муслимани[6][7]. СтопанствоАтарот на селото зафаќа површина од 10.3км². Западниот дел од атарот се користи во полјоделството, додека источната страна е покриена со шума и тревна вегетација.[8] ДемографијаСпоред пописот од 2021 година, селото имало 599 жители, со густина на населеност од 57 луѓе на километар квадратен. Во пописот од 2011 година имало 618 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на население од -0.29%.[9] Општествени установиНа севетоисточната страна на селото, постои црква посветена на „Света Троица“, додека пак на југозападната страна на селото се наоѓа селската џамија. Самоуправа и политикаПоштенски код на селото е 2941. Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia