Селото се наоѓа во областа Мрвачко, околу 25 км југозападно од градот Неврокоп, во јужните делови на масивот Пирин, во источното подножје на врвот Св. Петар (1.757 м), на надморска височина од 960 м. Други околни врвови се Свештник (1.975 м), Муторок (1.970 м), Ѓоргов Гроб (1.560 м), Св. Константин (1.750 м), Чинило (1.417 м) и други.[1]
Атарот на селото е најголем од околните села, во чиј простор се издигаат бројни ридови и возвишенија, меѓу кои највисоки се Чифлиштето, Кукла, Караборум, Св. Недела, Ваљов Камен, Кукул Камен итн.
Во XVIII–XIX век Тешово било едно од најголемите центри на железарството во Мрвачко. Во селото работеле бројни печки и неколку самокови, од кој последниот престанал да работи во 1916 година. Работеле и многу ковачи, кои го продавале изработеното железо во поголемите трговски центри во Егејска Македонија и Бугарија – во Валовишта, Сер, Солун, Зелјахово, Драма, Алистратик, Нигрита, Правишта, Кавала, Пазарџик, Пловдив. Кон крајот на XVIII век во селото работела и работилница за производство на ѓулиња, користени од турската војска во правишката касарна.[3]
Султански ферман за дозвола на вршење на верски служби во црквата „Св. Димитриј“ од 1836 г.
Црквата „Св. Димитриј“ била изградена во 1843–1844 г. Во 1858 г. е отворено грчко училиште, придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци. Во 1873 година било претворено во егзархиско училиште, каде предавал Иван Поп Николов до 1880 г.[4]
Тешово, 4 часа југозападно од Неврокоп. Лежи на источната падина на Али Ботуш. Над селото во шумата извира поток, кој тече низ селото и Л'ки. Бугарска црква „Св. Димитриј“, бугарско училиште со 45 ученици. Сега има и гркоманска партија. Причината е силниот град испратен од Провидението да ги казни нечесниците кои не го признаваат грчкиот владика. 230 куќи; 200 македонски и 30 турски.[8]
Во извештај поднесен на митрополитот Иларион Неврокопски од 1909 г. се вели[5]:
„
С. Тешово... селото е сместено на стрмно место во близина на шумата, на падините на Пирин. Низ селото тече Тешовската Река. Има добра вода за пиење. Има и убави шуми и пасишта.
Тешово е село на Македонци и Турци. Има 193 македонски, а 26 турски куќи. Се занимаваат со земјоделство, сточарство, ќумурџиство и кираџиство. Во селото има рудници од кои се откопува железо, но веќе на работат.
Црквата „Св. Димитриј“ е убаво, солидно здание. Има манастирски вид. Секоја година тука на Митровден се собираат голем број жители. Општината е добра. Има подарено голем часовник на црковната камбанарија.[11]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
↑Рапорт за положението и въвеждането на учебното дело през първото полугодие на 1908 - 1909 г. в Неврокопска каза – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. 1998. стр. 80, 81.