Бошко Пејковски

Бошко Пејковски
Роден 1922 година
Бразда, Кралство СХС
Починал април 1945 година
Банова Јаруга, Независна Држава Хрватска
Народност Македонец

Бошко Пејковски ( 1922 Бразда1945 во Банова Јаруга) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото Бразда, на која се наоѓа ѝ името на Бошко Пејковски

Животопис

Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во сите борби против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија, неговата Бригада ја продолжила борбата, за дефинитивното ликвидирање на балистичките банди на Косово. Потоа со Петнаесеттиот македонски корпус заминал за Срем,[2] каде посетувал тримесечна воено-политичка настава. По пробивот на фронтот и разбивањето на германските сили, со својата единица ја продолжил борбата за конечното уништување на непријателот. Во една битка за ослободувањето на Банова Јаруга, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 111. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 24. ISBN 9989-35-022-1.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya