Букеларија (тема)
Букеларија (грч. Βουκελλάριον θέμα) – тема на Византиското Царство во северна Мала Азија (денешна Турција). Била создадена со издвојување на првичната тема Опсикија, а ги опфаќала деловите на античка Пафлагонија, Галатија и Фригија. ИсторијаТемата била основана набрзо после 743, а пред 767 година, од страна на римскиот цар Константин V (741–775), по задушувањето на буната на Артавазд, против императорот и комесот на Опсикија. Новата тема, заедно сп Оптиматија, настанала со издвојување од Опсикија. Нова темата името го добила по римската букеларија, елитни коњички трупи со готско и римско потекло, кои извршувале задачите на телохранители. На почетокот на 7 век биле формирани елитни дивизии кои се настаниле на просторот на Опсикија, под команда на доместик. На овие простори во средината на 8 век била создадена Букеларија. Стратегот на оваа тема прв пат се споменува во изворите во 767 гоидна, но темата сигурно е формирана порано. Нејзино седиште била Анкара, некогашниот центар на Опсикија. Стратегот на Букеларија, според арапските географи, командувал со војска од 8.000 луѓе. Покрај коњицата, Букеларија, како и подоцнежната тема Пафлагонија, имала и мала флота на чело со „катепан на Букеларија и Пафлагонија“, чиј печат од 10 век бил зачуван. Темата Букеларија постоела до Bитката кај Манцикерт во 1071 година, кога овие простори ги освојуваат Селџуците. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia