Селевкија (тема)
Тема Селевкија (грчки: θέμα Σελευκείας, тема Селеукиас) била римска тема (воено-цивилна провинција) на јужниот брег на Мала Азија (современа Турција), со седиште во Селевкија (современ Силифке). ИсторијаВо Доцната антика, пристанишниот град Селевкија бил престолнина на римската провинција на Исаврија и седиште на исаврискиот (Isauriae) комес.[1] Во VIII век, таа служела како подредена команда, најпрво под тумарх, а потоа и под дронгар, на поморската тема на Кивериот.[2] Како и да е, во раниот IX век се појавува како мала клисура (зацврстена гранична команда), поставена меѓу поголемите римски теми Кивериот, Анадолија, Кападокија и морето, и граничејќи со поседите на Абасидскиот Калифат во Киликија долж реката Ламос.[2][3] Според арапските географи Кудамах ибн Џафар и Ибн Хордадбех, во IX век клисурата ја сочинувале Селевкија како главен град и уште десет тврдини, со 5.000 мажи, од кои 500 биле коњаници. Клезурата била подигната до статус на целосна тема некаде во времето на Роман I Лекапин (вл. 920–944), најверојатно ок. 927–934.[2][3][4] Според „За управувањето на Империјата“(De Administrando Imperio) на императорот Константин VII (вл. 913–959), темата била поделена на две команди, една за внатрешни работи и крајбрежна/поморска. Регионот падна во рацете на Турците-Селџуци по Битката кај Манцикерт во 1071 година. Во тоа време, планинската внатрешност на регионот била претежно населена со Ерменци кои се населиле таму во текот на претходниот век.[2] Римјаните ја повратиле областа и ги преутврдиле Селевкија и Корикос во 1099/1100 година, по што станала повторно седиштето на римскиот воен управник (дукс). Таа останала римска провинција сè до кратко после 1180 година, кога била освоена од Ерменското Кралство Киликија.[1][2] Наводи
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia