Опсикија (тема)
Опсикија (грч. θέμα Ὀψικίου) – тема на Византиското Царство во северозападна Мала Азија (денешна Турција). Една од првичните четири теми. По површина била најголема тема. Се наоѓала најблиску до византиската престолнина - Цариград. Во 8 век, на нејзина територија биле подигнати неколку востанија, па заради полесно управување била поделена истиот век на три помали теми. ИсторијаОпсикија била една од првичните четири теми, основани во 7 век. Името го носи по латинскиот збор Obsequium („придружба“), што се однесувало на единицте кои го придружувале византискиот цар во воените погохи. После големите порази кои Византијците ги претрпеле во 640-тите години после првиот бран муслимански освојувања, остатоците од војските од Блискиот Исток биле повлечени во Мала Азија и населени во четири големи теми од кои една била и Опсикија. Во состав на оваа тема се наоѓале областите Мизија, Витинија, делови од Галатија, Лидја и Пафлагонија, а се простирала сè од Дарданелите до реката Халис, со центар во Анакар. Не се знае точната година кога била создадена темата. Изворите упатуваат на претпоставка дека била основана веќе во 626 година, иако нејзиното постоење може да се следи дури од 680 година. Можно е дека првично опфаќала и делови на Тракија. Опсикија уживала единствена положба во однос на другите теми во Византија. Така, нејзиниот управник не носел титула стратег ("στρατηγος"), туку комес ("κομης"). Таа не била поделена на турми, туку на семејни кланови формирани од стари војнички семејства. Положбата во близина на престолнината ѝ давала на Опсикија поголемо значење од која било друга византиска тема. Комесите на Опсикија често се подигале против самите цареви. Така во 668 година, после смртта на Констанс II на Сицилија, комесот Мизезиј извел државен удар. Опсикија била главна база на царот Јустинијан II. Таму византискиот цар населувал многу Словени заробени во Тракија. Подоцна овие Словени преминувале на страната Арапите. Опсикиската војска се кренала против Филипик Вардан (711-713), убиецот на Јустинијан II, и го довела Анастасиј II на власт, за и него да го свргне во 715 година, поставувајќи го Теодосиј III на царскиот престол. Опсикијанците го поддржале подемот на Лав III Исавријанин на престолот во 717 година. Патрикиј Исос, комес на Опсикија, неуспешно се побунил против овој цар. Опсикија била база од која Артавазд тргнал во освојување на царската власт против царот Константин V. Опсикија важела за центар иконодулите, најголемите противници на иконоборната политика на Исавријанската династија. Како резултат на тоа, Константин ја поделил Опсикија на две теми: Букеларија и Оптиматија. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia