Васе Стојановски
Васе Стојановски ( 1924 во Скопје — 1944 во Долно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како продавач во книжара. Како симпатизер на народноослободителното движење бил приклучен во помагањето на оружено востание против окупаторот. Извршувал важни задачи, собирал народна помош, бил снабдувач на печатарски материјали и делел илегални летоци. Во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил речиси веднаш по нејзиното формирање. Бил поставен за политички делегат на вториот вод од третата чета. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките банди, сè до жестоката борба кај селото Долно Соње и Говрлево, каде храбро загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во скопските гробишта.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia