Црквата Свети Спас во Долно Соње. Во летото 2016 година е срушена и на нејзино место се гради нова црква.Во чешмата среде село е вградена стара надгробна плоча од римско време
Стопанство
Економијата во селото е на ниско ниво и се заснова на една фирма во која се вработени 15 работници, останатата економија е дел од сточарството и земјоделството. Луѓето се претежно вработени во фабрики и мал дел се во компании.
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
873
—
1953
818
−6.3%
1961
778
−4.9%
1971
705
−9.4%
1981
617
−12.5%
Година
Нас.
±%
1991
603
−2.3%
1994
601
−0.3%
2002
689
+14.6%
2021
793
+15.1%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 46 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 153 мажи христијани, со 13 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 332 жители.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Соње живеат 689 жители, од кои: 678 Македонци, 2 Власи, 4 Срби и 5 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 793 жители, од кои 689 Македонци, 1 Албанец, 7 Власи, 9 Срби, 5 останати и 82 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Непознато потекло: Бужевци (4 к.), Бадаловци (2 к.), Китевци (3 к.), Соколовци (1 к.), Илиовци (6 к.), Стевановчиња (1 к.), Богдановци (6 к.), Пеќаковци (1 к.) и Димовци (3 к.) не знаат дали се староседелци, или доселени со непозната старина
Доселеници:Тодоровциња (2 к.) доселени се од соседното село Барово. Таму имале истоимени роднини; Умаровци (7 к.) доселени се од селото Маврово кај Гостивар; Малезанои (11 к.) родот го основал Стојан Малезан. Тој се доселил од селото Добри Дол; Јовевчиња (2 к.), Алтивој (2 к.) и Зенговци (2 к.) не знаат од каде се доселени.[13]
Општествени установи
Општествени установи кои фукционираат во селото се:
Основно училиште од прво до четврто одделение
Амбуланта
Самоуправа и политика
Селото е администрирано под раководството на месната заедница, црковниот одбор и општината Сопиште.
Културни и природни знаменитости
Водопадот „Прскало“ знаменитост, постојка и одморалиште на велосипедската патека и другите патеки во склоп на пределот село Д. Соње - „Борчиња“.
Пределот „село Д. Соње - Борчиња“ е еден од најатрактивните предели на планината, создадени и оптстојани без човечка помош, речиси недопрени со исклучок на ловџиите.
Црквите се културно-историско-верско наслетсво кое опстанало со години. Постарите цркви се многу привлечни за странските туристи и делумно и за нашите. Црквите се привлечни бидејќи ја имаат зачувано својата автентичност со тоа што не се реконструирани,токму тоа наидува на позитивна оцена кај туристите.
Манастирите се споменици на културата и туристичко угостителски објекти. Од една страна тие се споменици, а од друга страна место за престој.
Манастирите се посетуваат со многу цели од кои јас потенцирам некои: староста на објектот, староста на фреските, иконте и иконостасот, се доаѓа со цел да се преспие и да воспостави црковна медицина.
Селето има имиграција и тоа луѓето што во минатото мигрирале во градот повторно се враќаат назад. Селото има голем број викендаши. Во минатиот век имало 2-3 семејства кој го напуштиле селото и заминале во Австралија.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 206.
↑D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“