Василе Николоски
Василе Ладомиров Николоски ( 1914 во Видрани, Кичевско — 12 февруари 1944 во Барбарас, Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од селско сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделие. Веднаш по окупацијата на Македонија, се определил за борба против окупаторот, така што преку воспитните групи во текот на 1943 година станал ѝ член на КПМ. Работел доста активно, а во есента 1943 година заминал партизан во Кичевско - мавровскиот партизански одред, а со формирањето на Македонско - косовската бригада, станал нејзин борец. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија во познатиот Февруарски поход. По борбите кај Богомила, се нашол во отцепената група на Август. На пат за Кичево, биле фатени од бугарските војници во селото Крапа и стрелани кај Барбарас на 12 февруари 1944 година.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia