Барбарос
Барбарос (познато и како Барбарас) — поранешно село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото повеќе не постои, а од него се останати само остатоци. Селото се наоѓало близу месноста Барбарос, кај истоимениот превој на патот Македонски Брод-Прилеп, при преминот од Порече кон Прилепското Поле. ИсторијаВо XIX век, Барбарос било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство. НаселениеВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со 25 христијани (Македонци).[3] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Барбарос имало 62 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарос имало 40 жители.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барбарос се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[6] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia