Вајсвасер
Вајсвасер (германски: Weißwasser, горнолужички: Běła Woda) — град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Вајсвасер е третиот најголем град во округот Герлиц, веднаш зад Герлиц и Цитау. Градската знаменитост е неговата водокула. ИсторијаВајсвасер бил спомнат првпат на 8 јуни 1552; името на градот значи „бела вода“. Станал дел од пруска Шлеска во 1815. Во XIX и XX век, Вајсвасер бил европскиот центар за производство на стакло. Станал дел од пруската покраината Долна Шлеска во 1919. Вајсвасер ги добил своите градски права на 28 август 1935. Во Втората светска војна, 40% од градот бил уништен. Со распаѓањето на Прусија, како последица на војната, градот станал дел од Саксонија од 1945-52. Потоа бил дел од комунистичка Источна Германија од 1952-90 и администриран во рамките на Округот Котбус. Многу претпријатија биле затворени во текот на комунистичкиот режим. По падот на Берлинскиот ѕид, останале само неколку. По обновувањето на Саксонија по повторното обединување на Германија, градот се вратил под администрација на покраината. Вајсвасер сега се соочува со последиците од повторното обединување на Германија, особено силно била погодена локалната економија. Многу луѓе ги загубиле нивните работни места и во градот сè уште има висока стапка на невработеност. Постепено, многу луѓе се решаваат да ја напуштат областа во потрага по работа во другите делови на Германија. Во септември 2005, Вајсвасер бил домаќин на „Денот на Саксонците. Настанот бил многу успешен, со над 300.000 посетители, со што градот се презентирал како идна туристичка атракција. ГрбГрбот бил донесен на 31 јануари 1927. Двете зелени стаклени чаши ја симболизираат индустријата за стакло на градот, која била една од најголемите во поранешна Источна Германија. Алатите се однесуваат на рударството, кое сега е напуштено во градот. Сината и жолтата се традиционални бои на Горна Лужица и белите бранови во долниот дел на грбот го симболизираат името на градот. НаселениеДвижење на бројките за население низ години:
Извор од 1998: Статистичко биро на Саксонија Знаменитости
СпортЛокалниот клуб за хокеј на мраз Eissport Weißwasser, познат и како „Лисиците“, бил најуспешниот клуб во Првата лига за хокеј на мраз во поранешната Источна Германија. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia